Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, нашата организација на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави, хумани и достоинствени личности.
Оваа активн…
Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски туристи преку нивните водичи…
Годишно во земјава се трошат 40 милиони килограми пилешко месо или по глава на жител потрошувачката на пилешко достигнува од 15 до 20 килограми. Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за производство на живина. Дел од таа увозна количина е наменета за потрошувачите, но се користи и за месната преработувачка индустрија и за угостителските објекти. Потрошувачката на сите меса вклучувајќи го и пилешкото е помала кај нас во однос на западно европските земји, а тоа е резултат на отсуството на домашно производство на живина, напоменува Драгослав Коцески професор по живинарство на ф…
Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение.
„Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме наплата за паркирање согласно цен…
Политичката криза во земјава има влијание на претстојната туристичката сезона. Тоа се погласно се слуша од претставниците на хотелскиот сектор на охридско – струшкото крајбрежје, кои коментираат дека не само што е намален бројот на резервации од странски гости туку има и откажување на аранжмани. Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска, не негира за таквата состојба, но убедува дека има минимално откажување на резервациите.
„Точно се чуствува мало намалување на букинзите, но она што на терен го видовме во Охрид е дека охриѓани се многу задоволни и ве…
На 27.07.2021 во СВР Охрид, приведен е М.П.(24) од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште” во Охрид, пронајдена е марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Поради постоење основи на сомнение за сторени к…
Би сакале да информираме дека на покана на проф. Јос Верховен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници од областа блатни екосистеми (Society of Wetland Scientists, European Chapter), претставници на Охрид ЅОЅ ќе земат учество на 11-тата годишна конференција која се одржува од 17 до 20 Мај во Потсдам, Германија.
Овогодинешната тема на конференцијата е поврзаноста помеѓу блатните екосистеми и општеството. Ќе бидат опфатени повеќе аспекти на темата како: пренос на знаење, конфликти при конзервација (хармонизација на функцијата на блатните екосистеми и економските ин…
Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид по седми пат ќе се организира мирен протест.
Протестот ќе биде со почеток во 18:30 часот на плоштадот „Чинар“. Граѓаните ќе го изразат своето незадоволство од одлуката за аболиција и одлуката за нерегуларни избори на 5-ти јуни.
Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести и во останатите градови во Република Македонија.