Мај 19, 2016

Во сабота „Ден на културни разлики“ во УИНТ „Св. Апостол Павле“

Во сабота, 21-ви мај, на Градскиот Плоштад во Охрид, студенти од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе го одбележат Денот на културни разлики. Со почеток во 12:00 часот ќе се одбележи овој ден со активности на студенти кои доаѓаат од различни земји, а студираат на овој универзитет. Предвидени се драмски претстави, танцови точки, забава и музика. Младите преку овој настан ќе се обидат да пренесат порака до јавноста дека освен технолошките, постојат и културолошки разлики. Одредени култури на сосема поинаков начин ги сфаќаат разликите од други култури. Ќе биде поставена и изложба на фотог…

Јул 28, 2021

Голем интерес за пливачките клубови од најмладите охриѓанчиња

Детскиот жагор и пливачките радости се вратија на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на СРЦ Билјанини извори ова лето. По минатогодишниот прекин на тренинзите во двата базени заради пандемијата, годинава продoлжуваат часовите по пливање на отворениот градски базен. Децата тренираат во зависност од нивната возраст и совладаните пливачки техники. Охридските пливачки клубови меѓу кои и  Акваспирит стануваат се попривлечни меѓу најмладите охриѓанчиња од година в година. Можам да кажам дека годинава интересот е поголем. Опфатени се деца од 5 годинишна возраст па нагоре.  Имаме запишано над 200 д…

Мај 19, 2016

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид го посетија Францускиот институт во Скопје

На поκана од Фρанцусκиот Институт во Сκопје и диρеκтоρκата Изабел Баρбо учениците од ОУ Хρисто Узунов Охρид κои го изучуваат фρанцусκиот јазиκ на 05.05.2016 г. оρганизиρано го посетија Институтот. Таму беа сρдечно пρечеκани од вρаботените κои за нив имаа наменето посебна пρогρама споρед κоја на учениците им беше објаснета улогата, обвρсκите и целите на овој Центаρ на фρанцусκиот јазиκ и κултуρа. Им беа пρезентиρани читалната, библиотеκата и медијатеκата. Исто таκа им беше овозможено и самите по елеκтρонсκи пат да ја κоρистат медијатеκата за слушање музиκа, гледање филмови, читање списаниј…

Мај 19, 2016

Во недела авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во недела на 22 мај 2016 год.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 10 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 22 мај (недела) 20…

Мај 19, 2016

СВР Охрид: „Среќни и безбедни матурски вечери“

Во пресрет на матурските прослави, СВР Охрид ја отпочна превентивно- едукативната кампања „Среќни и безбедни матурски вечери“. Претставници од оделението за превенција, пред учениците презентираат низа мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави. И годинава, полициски службеници ќе се грижат за безбедно и непречено одржување на матурските вечери на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. Во таа насока, со планираните безбедносни мерки, покрај учениците, ќе бидат запознаени советодавните групи граѓани, училишните одбори, раководните и стручни служби во училиштата а посебни …

Мај 18, 2016

Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема

Тротоарот на дел од улицата „Коста Абраш“ на самиот кеј на езерото повторно узурпиран со урбана опрема.  Околните угостителски и хотелски објекти особено во летниот период на овај потег поставуваат маси и столици со што им го попречуваат слободното движење на пешаците. Се наметнува прашањето дали поставената урбана опрема е ставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест или некој си зел за право да узурпира јавна површина.Морам да ви кажам дека екипи од инспекторатот  реагирале во два наврати и веќе се отстранети одредени маси и столици од некој од објектите. Конс…

Мај 18, 2016

Охридската цреша ќе се извезува на рускиот пазар

Овоштарите  годинава за прв пат ќе ја пласираат охридската цреша  организирано на  пазарите надвор од земјава. Првите понуди стигнаа од странските увозници, вели овоштарот Ванчо Стојаноски. Тој  се залага за  здружување на земјоделците и овоштарите од охридскиот регион во задруга  за полесно да се пласираат прозиводите на светските пазари.„ Имаме некои понуди од надвор конкретно од Русија. Тие бараат големи колични, а нашата задруга е сеуште во зачеток, но се надеваме дека квотата на минимум ќе ја исполниме оваа година. Целта на задругата е за неколку години да ги обедини сите одгледувачи н…

Мај 18, 2016

Охриѓанецот Алаедин Неби изработува уникатни сувенири и предмети од ореово дрво со седеф

Мајстор Алаедин Неби е единствениот охриѓанец кој  изработува  уникатни предмети од дрво облaгородено со седеф од  школки. Со ова уникатно  хоби, Неби изработува чибуци, кутии за накит, пудриери и табакери. Уметничките предмети се изум на неговиот татко Хамди пред скоро еден век. Денес неговиот син, мајстор Алаедин навлезен во  8 деценија од животот раскажува како го исполнува аманетот од татко му и работи  со голема љубов,  посветеност и  бескрајна трпеливост. „Јас работам 60 години со ореово дрво и знам како диши дрвото. Тоа треба да е 100 посто суво, ако не есуво по извесно време ќе пока…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top