Охридската цреша ќе се извезува на рускиот пазар

Охридската цреша ќе се извезува на рускиот пазар.

 |  Валентина Неловска  | 

Овоштарите  годинава за прв пат ќе ја пласираат охридската цреша  организирано на  пазарите надвор од земјава. Првите понуди стигнаа од странските увозници, вели овоштарот Ванчо Стојаноски. Тој  се залага за  здружување на земјоделците и овоштарите од охридскиот регион во задруга  за полесно да се пласираат прозиводите на светските пазари.

„ Имаме некои понуди од надвор конкретно од Русија. Тие бараат големи колични, а нашата задруга е сеуште во зачеток, но се надеваме дека квотата на минимум ќе ја исполниме оваа година. Целта на задругата е за неколку години да ги обедини сите одгледувачи на цреши во нашиот регион. Црешата е специфичен прозивод кој не трпи одложено складирање и продажба на пазарот. Треба  однапред  да го имаме откупувачот за наредната година и да биде организирана и бербата“, вели Стојаноски.  

Увозникот која сака да откупи  500 тони охридски цреши бара да се исполнат  одредени услови. Црешите да бидат со обем од  25 мм нагоре, а минималната количина да е поголема од  50 тони. Продажната цена на црешата ќе се формира според светската берза, напоменува Стојаноски. За то аккаов род очекуваат тој кажува дека временските услови во зимскиот период не биле многу поволно но за среќа нашиот регион поминал добро.

цре„ Годинава беше лоша.Имавме топла зима во Европа  се срушија сите рекорди во април за просечната темепретаура  за топла зима. Имавме многу високи темепретури,а неколку ноќи во април имавме температура која се спушти околу 0, а во делови од регионот и под нулата. За една недела ќе знаеме колку остана од родот на овошките , но во однос на другите региони Македонија помина побезболно. Останува да видиме, можностите на здругата не се големи  ама ќе ја исполниме минималната количина,  а од следната година нашата намера е да имаме повеќе прозиводители“, укажува Стојаноски.

Охридскиот овоштар и земјоделец Стојаноски кажува дека за последните  8 години во охридско 10 пати се зголемиле површините со насади на различни сорти цреши. Покрај автохтоната сорта долгодршка е засаденена и сортата sweet hart, која зрее на почетокот од август. Со тоа се продолжува времетраењето на зреењето на црешата, вели Стојансоки.  Првата верба на охридкста цреша се очекува за еден месец.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top