Во сабота „Ден на културни разлики“ во УИНТ „Св. Апостол Павле“

Во сабота, 21-ви мај, на Градскиот Плоштад во Охрид, студенти од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе го одбележат Денот на културни разлики.

 |   | 
студенти

Во сабота, 21-ви мај, на Градскиот Плоштад во Охрид, студенти од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе го одбележат Денот на културни разлики.

Со почеток во 12:00 часот ќе се одбележи овој ден со активности на студенти кои доаѓаат од различни земји, а студираат на овој универзитет. Предвидени се драмски претстави, танцови точки, забава и музика.

Младите преку овој настан ќе се обидат да пренесат порака до јавноста дека освен технолошките, постојат и културолошки разлики. Одредени култури на сосема поинаков начин ги сфаќаат разликите од други култури.

Ќе биде поставена и изложба на фотографии со мотиви од земјите од каде доаѓаат студентите, кои се образоваат на овој универзитет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top