Јун 6, 2016

Централните банки од Европа дискутираат за плаќањата во електронската трговија и нивната безбедност

Усогласување на македонското законодавство со европските регулативи во делот на платежните системи, дискусија околу најновите трендови во електронската трговија, мобилните паричници, плаќањето преку мобилни апликации. Ова се само дел од темите на кои од денес, па се до среда ќе се дискутира на деветтата по ред меѓународна конференција за платежните системи и системите за порамнување на хартии од вредност која традиционално се одржува во соработка со централните банки на Холандија и Португалија. Токму прилагодувањето на нашето законодавство во платежните системи, според вицегувернерката на Н…

Јул 29, 2021

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ НА ПАТЕКАТА КОН „ГОРИЦА“

Се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“ во непосредна близина на фитнес зоната. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби. Во тек се работни активности за поставување на специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност. Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, планирана е изградба на детски игралишта во непосредна близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во непосредна близина на новиот терен за баскет. Вредноста на трите детски игралишта …

Јун 6, 2016

Семејството Матилоски бара убиецот на Димитар да одговара за свирепо убиство

Промена на обвинителниот акт за убиецот на младиот Димитар Матилоски, кој беше смртно претепан на новогодишната ноќ, бара неговото семејство. Тие сметаат дека им се прави голема неправда со тоа што охридското основно јавно обвинителство пред само неколку дена поднесе обвинителен акт против српскиот државјанин кој се товари за убиството во кој тој е обвинет само за убиство наместо за свирепо убиство. Сестрата на убиениот Димитар, Цветанка Матилоска-Пешиќ, вели дека тие се незадоволни од судско-медицинското вештачење кое било направено во Битола, а кое според нив содржело многу нелогичности и…

Јун 6, 2016

Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона

  Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Во тек е набавката на полесен пловен објект  од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. Планирано е да има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото, но и останатите водени површини во државава.Со ова ќе ја подобриме покриеноста на езерото и ќе го зголемиме нашето присуство овде, но и на останатите природни и вештачки езера во државава. За наредната година планирано е да се набави уште еден пловен објект од овој тип и тогаш ќе сме комплетно опремени, ве…

Јун 6, 2016

Галеријата на икони нема да се дислоцира на Плаошник

Галеријата на икони останува во комплексот Св. Богородица Перивлепта. Плановите да се дислоцира на Плаошник нема да се реализираат откако комисијата на УНЕСКО ја стопира градбата на уште по еден кат на објектите кои таму се градат. Од НУ Завод и музеј велат дека од наредната година ќе се инвестира во обновувањето на објектот каде сега се наоѓа галеријата бидејќи планирано е таму да се сместат нови експонати не само од охридскиот регион туку и пошироко. Зачудува податокот што овој музејски простор сега многу малку е посетен од туристите иако во него се кријат икони со непроценливо богатство …

Јун 4, 2016

Избрани трите најубаво украсени дворови во Охрид

Ова е дворот на Томе Матовски, еден од трите најубаво украсени дворови во Охрид, кои женскиот центар „Бисера“ традиционално секоја година ги избира по повод светскиот ден на екологијата, 5ти јуни. Годинава нема први, втори и трети места. Од женскиот центар „Бисера“ велат дека изборот е толку тесен што неблагодарно е тие да се рангираат. Дворот на Матовски е здружен труд на целото негово семејство. Тој вели дека потребна е посветеност, но и мерак да се уреди дворот по сопствен вкус.„Време секогаш има, ако сакаш да ти е убаво на душата кога седиш во дворот и едноставно да се одмориш убаво. Бл…

Јун 4, 2016

Охриѓани не практикуваат прегледи кои би можеле да спречат појава на мозочен удар

Превенција на појавата на мозочен удар и неговите последици како најдобар начин на справување со оваа состојба. Третманот на пациентите кои доживеале мозочен удар кај нас сеуште не е оптимизиран, смета д-р Маја Божиновска-Смическа од Здружението „Мозочен удар“. Токму затоа, според неа е исклучително важно да се посвети многу внимание на превенирањето на појавата на мозочен удар. Тие денес организираа  превентивни прегледи за сите охриѓани, правеа ЕКГ, мереа крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани кои сакаа да дознаат нешто повеќе за нивните предиспозиции да им се случи оваа с…

Јун 4, 2016

Дел од охридските плажи подготвени се за сезоната

Дел од охридските плажи се подготвени за туристичката сезона. Плажата Акапулко, традиционално меѓу првите се отвора за туристите и викендов може да ги прими првите гости, најави концесионерот Љупчо Нечкоски. Според него без разлика на посетеноста, на бројот на гости, на временските услови, плажата се подготвува во текот на месец мај за да може на почетокот на јуни да отпочне со работа. „Плажите се оштетени од самата вода и природа и потребна е голема физичка работа, посебно плажите кои се како нашата во комбинација со зеленило…сето тоа треба да се одржува максимално, треба да се изнивели…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top