Јун 8, 2016

Денес последен предупредувачки штрајк на Синдикатот на УПОЗ

И покрај ветувањето на Министерот за правда за работна редба со Синдикатот на УПОЗ истата не се оствари, велат од синдикатот. Синдикатот на УПОЗ испрати допис со барање за средба и до Претседателот на Владата на Р. Македонија Емил Димитриев но и од таму до сега немаме добиено никаков одговор. – Со оглед дека надлежните го доведоа штрајкот во безизлезна ситуација Синдикатот на УПОЗ и ЗСА на 8-ми јуни, среда, организираат последен предупредувачки протест пред Министерството за правда на кој ќе присуствуваат вработените од сите судови во Р. Македонија. На овој протест ќе ги повикаме сите син…

Јун 8, 2016

Утре во Охрид доаѓа првата група туристи од Израел

Утре четврток (9 јуни 2016) во 17:30 часот , на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнува првата група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“. На пречекот на туристите од Израел ќе се обратат г. Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија ; г. Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски ; г-ѓа Анат Ахаром, директор за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“ и градоначалникот на Охрид, г. Никола Бакрачески.

Јун 7, 2016

Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта

Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Моментално се вршат интензивни градежни зафати на конаците кои се наоѓаат во дворот на црквата, а кои беа руинирани и во многу лоша состојба. НУ „Завод и музеј“ првично имаше план само да изврши санација на конаците но одкога се утврди дека објектот е навистина оштетен се премина кон негова целосна изградба з што е изготвено и конзервбатиорско одобрение.Во приземјето на конакот ќе се прави санитарен чвор, како и простории за продавање сувенири, рекламен материјал и свеќи. На горниот кат ќе има една просторија за библиотека и з…

Јун 7, 2016

Започна екстерното тестирање во основните и средните училишта во градов

За основците и средношколците од денес започна екстерната проверка на знаењето. Го полагаа првиот предмет од екстерното, за кој беа известени три дена пред полагањето. Од основните училишта во градов велат дека се навреме започнало и дека немало некакви поголеми технички проблеми. Во Оу „Христо Узунов“ денес биле тестирани околу 395 ученици во четири групи. Можам да кажам дека оваа година бевме поподготвени  во техничка смисла. И списоците кој  ученик по кој предмет ќе биде тестиран и во кои денови беа навреме извадени така што првиот ден протече без никакви проблеми, рече Тони Симоноски-д…

Јун 7, 2016

Поради пукнат шибер се замати водата на „Марко Нестороски“

  Жители на Охрид од потегот на Крст Џамија долж ул „Марко Нестороски“, утрово се пожалија дека водата од градскиот водовод е заматена и со траги на песок. Тие старавуваат за своето здравје и сметаат дека во најмала рака преку соопштение требало да бидат известени за состојба со водата дали е за употреба или не, како и за причините поради кои водата е во таква состојба. ТВМ побара одговор од ЈП Водовод Охрид. Според информациите кои ги добивме од оддлението за односи со јавност, утрово на овој потег нивните екипи работеле на дефект, поради пукнат шибер во станбен комплекс. Шиберот бил зам…

Јул 30, 2021

Пливачки подвиг во хуманитарни цели

Стружанецот Ергин Борова кој години живее во Амстердам Холандија сонува за изградба на центар за згрижување и развој на децата со посебни потреби во регионов. Преку маратонското пливање  Борова сака да привлече доволно внимание за оваа иницијатива.Самиот пливачки потфат е само дел од иницијативата за изградба на центар за сместување деца со посебни потреби, установа која и е потребна не само на струга туку и на регионов.Борова пливаше со цел подигање на свеста за потребите на децата со посебни потреби, нивните животи да бидат во нашите мисли постојано не само во еден одреден ден „Јас сон…

Јун 7, 2016

Охридската ул „Стив Наумов“ ќе сесанира дел по дел

  Санирањето и реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, во Охрид оди парцијално. Пред неколку дена мештаните од оваа улица, во делот позади стариот објект на некогашна Охридска Трговија во близина на Винарската визба, укажаа на сериозни проблеми со кои речиси 5 децении наназад се соочувале, од обраснатост со трева, ископан пат, немање улично осветлување, до барање за изградба на детско игралиште во т.н. краста. Љупчо Танески портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици признава дека на делови од оваа улица треба да се интервенира со соодветна санација на ударните дупки биде…

Јун 7, 2016

73-годишен жител на Охрид извршил полов напад врз малолетничка

Вчера во полициската станица Охрид, 32-годишна охриѓанка пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот 73-годишен жител на градот извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка. Додека детето се враќало од училиште по ул.„Св. Климент Охридски“, ја викнал сторителот и извршил полови дејствија врз неа. Т.Т. е приведен и задржан во полициската станица Охрид за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top