Денес последен предупредувачки штрајк на Синдикатот на УПОЗ

И покрај ветувањето на Министерот за правда за работна редба со Синдикатот на УПОЗ истата не се оствари, велат од синдикатот.

 |   | 
sud

И покрај ветувањето на Министерот за правда за работна редба со Синдикатот на УПОЗ истата не се оствари, велат од синдикатот.

Синдикатот на УПОЗ испрати допис со барање за средба и до Претседателот на Владата на Р. Македонија Емил Димитриев но и од таму до сега немаме добиено никаков одговор.

– Со оглед дека надлежните го доведоа штрајкот во безизлезна ситуација Синдикатот на УПОЗ и ЗСА на 8-ми јуни, среда, организираат последен предупредувачки протест пред Министерството за правда на кој ќе присуствуваат вработените од сите судови во Р. Македонија. На овој протест ќе ги повикаме сите синдикати, судии, адвокати, нотари, извршители, граѓаните на Р. Македонија и сите кои го поддржуваат штрајкот да се приклучат на протестот надевајќи се дека надлежните конечно ќе го разберат и ќе го прифатат нашето барање, велат од УПОЗ.

Штрајк ќе се одржи во Скопје и во неколку градови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top