Споро се одвива изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид и реконструкцијата на струшкиот. Срaботени се само 45 одсто од надворешниот дел на градежните работи на охридскиот објект, и на струшкиот се изведени само ископи на долниот дел од базенот, информира Наумче Мојсоски , директор на Агенцијата за млади и спорт, кој од пред два месеци е на оваа фукција. Мојсоски кажува дека со досегашниот изведувач на охридскиот базен е склучен нов договор, на истиот износ од претходниот тендер од 299 милиони денари, а клуч на рака треба да добијат на 31 декември 2021. Мојсоски за ТВМ сподели кои …
Започнаа активностите за поставување на полу-подземни контејнери кои значително ќе придонесат за подобрување на јавната чистота во Охрид.
Контејнерите имаат капацитет од 5 м3 и ги исполнуваат сите најсовремени стандарди за депонирање на отпад. Располагаат со механизми за побрзо празнење, можност за заклучување и други карактеристики кои ќе овозможат нивно долготрајно користење.
Во рамки на правата фаза, веќе е поставен ваков контејнер пред влезот на „Горна Порта“, а во текот на наредниот период полу-подземни контејнери ќе бидат поставени и на пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица…
Охрид е главниот туристички центар во земјава, а за Новогодишните празници се очекува наплив на голем број туристи, токму затоа градот ќе блесне во новогодишно руво, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
Најавени се голем број туристи кои што ќе го посетат и уживаат во убавините на Охрид за Новогодишните празници, така да ние не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Минимален е тендерот околу осветлувањето заедно со украсувањето. Сепак Охрид ќе биде украсен, ќе изгледа добро и ќе биде подготвен да ги прими странските гости. Ќе има организиран скромен настан на градскиот плошта…
Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и електрични возила. Митреска споде…
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 500 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Здружението „Мозочен удар“ од почетокот на Covid 19 пандемијата, се вклучи во медицинскиот транспорт, со цел да им се помогне на жителите од регионот особено на постарите, онеспособени или социјално загрозени лица побрзо и побезбедно да стигнат до здравствените институции ширум земјава, згрижени во специјализирано амбулантно возило, кое обезбедува услови за спроведување на протоколите во време на пандемија.
Транспортот се организира со помош и соработка од страна на организацијата на Црвен Крст Охрид, која има искуство во транспорт како и соодветна екипа. Во тек на пандемијата кога нашиот …
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев одржа координативен состанок со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
На почетокот на работниот состан…
Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, велат од СВР Охрид.
„И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собраа во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мо…