СВР Охрид: Полицијата интервенираше во Вевачни за недозволено групирање

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 |   | 


Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните  во услови на глобална пандемија, велат од СВР Охрид.

„И покрај претходно постигнатиот договор  на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собраа во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата.“ – објаснува  портпаролот на секторот, Стефан Димоски. 

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.Од СВР апелираат до сите граѓани заеднички да придонесат за спречување на ширењето на коронавирусот односно за зачувување  на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top