Здружението „Мозочен удар“ со свој значаен придонес во борбата против Ковид 19

Здружението „Мозочен удар“ од почетокот на Covid 19 пандемијата, се вклучи во медицинскиот транспорт, со цел да им се помогне на жителите од регионот особено на постарите, онеспособени или социјално загрозени лица побрзо и побезбедно да стигнат до здравствените институции ширум земјава, згрижени во специјализирано амбулантно возило, кое обезбедува услови за спроведување на протоколите во време на пандемија.

 |   | 

Транспортот се организира со помош и соработка од страна на организацијата на Црвен Крст Охрид, која има искуство во транспорт како и соодветна екипа. Во тек на пандемијата кога нашиот здравствен систем е оптоварен, сметаме дека на овој начин преку проектните активносте можеме да помогнеме.

Исто така, здружението постојано е во контакт со најосетливите категории на нашите граѓани, а нашите медицински тимови во тек на пандемијата организираа превентивни прегледи на ризик факторите за мозочен удар и индивидуални консултации на болни кои преживеале мозочен удар во југо-западниот регион на Република Северна Македонија.

Здружението „Мозочен удар“ од почетокот на Covid 19 пандемијата сите активности и ресурси односно медицинската опрема (екг апарати и лабараториска теренска опрема) како и медицинското амбулантно возило, набавени во прекуграничниот проект КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО Interreg – IPA CBC Programme “Greece – North Macedonia 2014-2020”, ги пренасочи според потребите на населението во нашиот регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top