Јул 30, 2021

ГЕОРГИЕСКИ ОБРАЗЛОЖИ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА

Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид. Со цел да обезбедиме подобра функционалност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината. Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот…

Јун 9, 2016

Тешка сообраќајна незгода кај Хидробиолошки Завод

Едно лицe се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај Хидробиолошки Завод. Во сообраќајната незгодата со тешки телесни повреди односно повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, се здобила М.П. (27) од Охрид која на регионалниот пат, од правец на Пештани кон Охрид управувала патничко моторно возило марка „Шкода-Фелиција“ со охридски регистарски ознаки. Таа, со возило на брза помош е пренесена во медицински центар Охрид оддел за хирургија каде и е укажана неопходна медицинска помош. Оттука…

Јун 9, 2016

Второ издание на „StartQube“

Од 20-ти до 25-ти август во Велестово, по втор пат ќе се одржи StartQube, летен камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење на бизнис или подобрување на своите бизнис вештини. Учесниците ќе имаат уникатна можност, покрај одморот, да живеат со менторите на настанот во текот на целиот камп и заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи кои веќе го имаат тоа искуство на градење бизниси. StartQube е збир на повеќе практични работилници кои се организираат во соработка со повеќе експерти. Идејата е учесниците да се запознаат со сите фа…

Јун 9, 2016

Превентивно-оперативни и сообраќајни мерки поради посетата на чешкиот претседател

По повод претстојната посета на Охрид на претседателот на Република Чешка г-динот Милош Земан и неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија г-динот Ѓорге Иванов, СВР Охрид ги презема сите неопходни мерки за безбеден претстој на двајцата претседатели и членовите на нивните делагации. Во таа насока, а со цел натамошно одржување на стабилната и поволна безбедносна состојба на подрачјето, СВР Охрид веќе спроведува низа превентивно-оперативни и сообраќајни мерки со доследна примена на законските полициски овластувања. Планираните активности се поврзани со физичко и длабинско обезбед…

Јун 8, 2016

Решенија за работен однос во образованието добија 67 охриѓани

  Доделени 67 решенија за работен однос на наши сограѓани од сферата на образованието. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование Спиро Ристески, на пригодна свеченост во Локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески истакна дека општина Охрид посветува силно внимание на подобрување на наставно научниот процес во образовниот систем на ниво на општина Охрид, како и во подобрување на условите за изведување на настава. „Со тоа тие го решија нивното основно животно прашање, вработувањето, што им обезбеди стабилна егзистенција во и…

Јун 8, 2016

Во основните и средните училишта во градов недостасуваат дефектолози и логопеди

Во основните и средните училишта во градов недостасуваат дефектолози и логопеди. За жал потребата од ваков кадар се повеќе расте бидејќи расте и бројот на деца кои имаат проблем во психичкиот развој или пак имаат некаква говорна мана. Директорите велат дека постојано бараат од Локалната и од министерствата да се примат вакви лица кои ќе можат на децата да им пружат соодветно внимание а со тоа ќе имаат и подобри резултати во образованието. Во ОУ „Христо Узунов“ неодамна добиле дефектолог што во голема мера ја олеснило работата со децата кои имаат пречки во развојот, но имаат потреба и од лог…

Јун 8, 2016

Пуштена во употреба новата спортска сала во Косел

  Нема добар образовен систем без адекватно физичко и здравствено образование, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, на денешното свечено пуштање во употреба на спортската сала во подрачното училиште „Ванчо Николески“ во Косел. Ова училиште ја доби најквалитетната спортска сала, вели Бакрачески. „Тоа е уште еден поттик и мотивација за учениците од ова училиште да градат здрави животни навики паралелно со одвивање на квалитетна настава во делот на физичкото и здравственото образование. Со средства на МОН и дел средства на Локланта самоуправа реконструиране е училишната спортска сала к…

Дек 27, 2021

Опожарен контејнер на улицата „Даме Груев“ во Охрид

На ул. „Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад. Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул. „Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до само…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top