Јун 29, 2016

Програмата за времени објекти не стигна на дневен ред

На денешната седница на охридскиот Совет, за дополување на дневен ред со точка, Предлог одлуката за донесување на програма за времени објекти, не помина. Тоа отвори бурна расправија помеѓу охридските советници, кои првично изразија сомнеж и од двете страни во врска со гласањето. Градоначалникот Никола Бакрачески образложи дека пројавувањето на сомнеж при гласањето и барање поединечно гласање е демократско право, но според него советниците од опозицијата требало да ја наведат причината зошто се против ставање на дневен ред на точката која се однесува на програмата за поставување времени обје…

Јун 29, 2016

Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денес 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка. Настанот ќе се одржи во просториите на општина Охрид, со почеток во 12.00 часот.

Јун 28, 2016

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија

 Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите  за електронски комуникации.  Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо  Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените  се намалувале  кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија  сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто  намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји биле намалени и за 80 посто. С…

Дек 27, 2021

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД

Во функција е ставен дежурен телефонски број на кој граѓаните може да пријавуваат проблеми со депонирањето отпад. Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон : 075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

Јун 28, 2016

Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид

Најдобрите ученици спортисти од земјава како награда за постигнати резултати учествуваат на Училишниот спортски камп во Охрид. Во првата смена на кампот ќе бидат  кошаркарите, каратистите ,  пингпонгарите и ателтичарите. Кампот е во организација на Агенцијата за млади и спорти и македонската  Федерација на училишни спортови. На овој камп учествува и  најмалиот спортист Јана Спасеноска  од Кичево. Таа 3 години тренира карате и искрено детски одговара за љубовта кон овој спорт. „ Да го сакам каратето и за мене е прекрасен спорт“, искрено вели малата каратистка. Почетокот на кампот го означи …

Авг 2, 2021

Ќеса со бела прашкаста материја пронајдена во угостителски објект во Охрид

Во периодот од 02:30 до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Единицата за брзо распоредување, по добиена судска наредба, ноќеска извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории на булевар „Туристичка“ во Охрид. На стојалиштето од катот била пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. По расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок – информираат од СВР Охрид. 

Јун 27, 2016

Започнаа зафати на патеката што ќе ги поврзува Кошишта, Лабино и Канео.

Охридската маала Кошишта ќе биде поврзана со реконструирана патека со населбата Канео.  Жителите и туристите од Кошишта и Воска досега до  капалиштата во локалитетите  Лабино и Канео одеа по тревната патека широка едвај 30тина см. Сега се работи на изградба на современо уредена патека.   „ Патеката ќе биде проширена и поплочена. Еден нејзин дел до Калето ќе е изработена со камени плочки , а дел со бекатонки од Лабино до Канео“, најавуваат од  Локалната самоуправа. Должината на  реконструираната патека која ќе води од Кошишта до Канео ќе биде во должина од 1315 метри. Покрај оваа патека ќ…

Јун 27, 2016

Манифестацијата „Бело лето 2016“ ќе го означи официјалниот старт на летната туристичка сезона

Со концертот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески – Четкар, во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија, во рамките на манифестацијата „Бело лето“, на 1-ви јули официјално започнува летната туристичка сезона. Со неговиот секстет кој како милува Четкар да го нарече, е Македонија во мало, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во она што тој им го подготви за оваа вечер. „Ќе свирам авторска програма околу 75-80 минути од првиот и вотриот студиски албум а ке отсвирам и некои нови матерјали досега неотсвирени, сакав тука да ги промовирам“ вели Владимир Василески – Ч…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top