Авг 3, 2021

Од денес забрана за движење низ шумите на Галичица

Поради зголемената опасност од пожари, од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид ја информираат јавноста за целосна забрана за движење низ шумските подрачја, од денес 3-ти август. Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, Јавната установа Национален парк Галичица ја информира јавноста за одлуката на В…

Јул 9, 2016

Семафорите во Рача само декор

  Семафорите на една од најопасните делници Охрид – Св Стефан, никако да проработат. Се почесто до нашата редакција стигнуваат забелешки на граѓани кои се интересираат која е причината поради која семафорите сеуште не се ставени во функција. Неодамна при посетата на градоначалникот Никола Бакрачески во Рача, го запрашавме дали тој како прв човек на градот има некакви сознанија, кога надлежните ќе реагираат. „Претпоставувам дека овие семафори заради слабата фрекфенција на возила, нагласувам дека ова е само претпоставка затоа што не сме ги провериле информациите какви се размислувањата на с…

Јул 9, 2016

Секое вино си има своја приказна

Виното се смета за најстар производ на човештвото. „Во виното е вистината“, “убавото вино не се гледа од етикетата“, „старото вино и старите пријатели се поскапи од се“, „Девојката се љуби додека е млада, а виното се пие дури и старо“, Бог ја создал водата, виното човекот“. Ова се само дел од многубројните изреки за виното, а синоќа во прекрасниот амбиент на Биљанини извори, имаше несекојдневна дегустација на вино. Секое вино си има своја приказна, вели Горан Станковиќ, генерален менаџер на корпорацијата „Вино Жупа“ од Александровац и „Повардарие“ од Неготино. „Ние може да се пофалиме дека…

Јул 8, 2016

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар

Во центарот на Струга, зад хотел Београд, попладнево избувна голем пожар . Огнената стихија која брзо се ширела зафатила пет куќи-лепенки. Според најновите информации кои ги добивме од командирот на ТО Струга Минир Мамуди во пожарот целосно изгореле три од објектите, а пожарникарите се борат да ги спасат целосно да не изгорат четвртата и петтата куќа. Според Мамуди нема повредени лица бидејќи трите куќи биле ненаселени, а оние кои живееле во четвртата и петтта лепенка навреме биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот со три возила  учествуваат и екипи од охридската Противпожарна служба. Пожа…

Јул 8, 2016

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“

Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето на своите службени…

Јул 8, 2016

Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

 Со звуците на прекрасниот македонски фолклор изведуван од НА „Танец“ започна 55 издание на Балканскиот  фестивал.  Пред бројната публика  говореше претседателката на Советот на Охрид, Гордана Коњаноска која истакна дека од сцената на Долни Сарај се упатува универзална порака за хуманизам,а исто времено се презентира сопствениот идентитет, јазик и културно наследство. „ Пораките ќе бидат уште посилни затоа што се испраќаат од Охрид, светото место каде што со милениуми се напластувале цивилизациските човекови достигнување“, истакна во своето обраќање Гордана Коњаноска.  Балканскиот фестива…

Јул 8, 2016

Водата во Охридското езеро е со одличен квалитет

Охридското езеро има  квалитетна вода за капење, а и вода  за пиење од водоводната мрежа, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму напоменуваат дека редовно прават контроли на водата за пиење и на површинските води на  24 мерни места. Безбедноста на вода е одлична и капачите може да уживаат во езерските води, кажува д-р Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје.„ Морам да кажам дека водата е со извонреден квалитет со една напомена дека на влезот од Грашница кај Градска плажа квалитет на вода е од 3 категорија. Останатите води води се од 1 и 2 категорија. Тоа значи одг…

Јул 7, 2016

Дваесетина деца ќе одат на летување преку Центарот за социјални работи

Дваесетина деца ученици од основните училишта од  Охрид ќе заминат на 7 дневно бесплатно летување во организација на  центарот за Социјални работи.Ова а услуга може да ја искористат децата од семејства во социјален ризик и децата без родители. Од оваа година новина е  што на бесплатно летување може да заминат  и децата корисници на посебен додаток до 26 години. Сите тие  имаат право да ја искористат оваа можност и како  сите врсници да ги почуствуваат летните  радости што ги носи ова годишно време.„ Летувањата ќе бидат во еден од труистичките центри и услугите ќе ги користат децата родени о…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top