Јул 13, 2016

Оперската дива Елина Гаранча ја крена публиката на нозе

Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го прогласи за отворен. Тој рече дека…

Јул 13, 2016

Градоначалникот на средба со израелскиот амбасадор

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори  и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на здравствениот туризам во градов  и мож…

Јул 13, 2016

Пештанските гробишта претесни

  Во туристичката населба Пештани нема повеќе место за погребување на починатите. Евидентно е дека последниве години упорно се потенцира дека Пештани е населба која се шири и по површина и по број на жители, а гробиштата се веќе претесни и овој проблем е горлив, за ТВМ открива Драган Тренески, претседател на МЗ. Додава дека тоа било утврдено и на собирите со мештаните во координација со Црковниот одбор. „Во моето досегашно работење овој проблем е истакнат дека бара решавање веднаш. Сите напори во поглед на решавање на овој проблем се преземени имаме неколку иницијативи за решавање на овој…

Јул 13, 2016

Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода

  Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков.  Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници  ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен  проблем од скоро една деценија  станува реалност со помош на Локалната  самоуправа.„Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков.  Центарот за безбедност на вода располга со човечки ресурси кои се добро о…

Јул 13, 2016

Најдобрите теквондисти од регионов на тренинг во Охрид

Охрид станува се попривлечна дестинација за одржување на семинари и тренинзи за боречките спортови. Имено, деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид беше одржан неколкучасовен таеквондо тренинг на кој учествуваа претставници од најдобрите теквондо тимови од Македонија, Србија и Словенија.На тренингот беше разменето драгоцено искуство меѓу таеквондистите од најдобрите таеквондо школи од Македонија (ХВА РАНГ ИТФ), Србија (Бајша) и Словенија (Шкорпион). „Од секој тренинг се учи и од секој човек се учи, се што се работи е пожелно, колку повеќе се работи толку повеќе се учи. Јас сум I…

Авг 3, 2021

Вакцинацијата се одвива со добро темпо

Од денеска, започна теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца. Тимовите на охридскиот Здравствен дом ќе ги посетуваат селата по истиот распоред како и за првата доза. Ревакцинацијата ќе започне во Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа и Волино. Во општина Дебрца ревакцинацијата ќе се врши во објекти на општината и основните училишта. Од ресорното министерство велат дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населени…

Јул 12, 2016

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

  Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии.Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на АД „Галеб“.Василевски објас…

Јул 12, 2016

Попушта oсновата на Алтанин мост

Алтанин мост попушта. Неговата основа почнува да се руши, а исто така на дел од  мостот попушта и асфалтот, реагираат жителите кои живеат и имаат куќи во Чекоштина. На мостот му  е потребна итна санација. Во населбата Чекоштина во последните 20 години се направени голем број куќи и хотелско сместувачки  капацитети и овој мост е единствениот приоден пат до објектите, напоменува Благој Ефтимов еден од многубројните  жители од Чекоштина.  „Од негрижа реката го еродира дното и истиот е пред паѓање. Ако се сруши немаме друг премин за целата населба, друг премин немаме за возилата да се оди до на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top