Следејќи го концептот за одбележување на 400-годишнината од смртта на големиот драмски писател Вилијам Шекспир, во драмскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, за утревечер ја носи претставата „Сонети“ на најсилната театарска институција во Македонија, Народниот театар од Битола. Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров рече дека нивната куќа има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор. Додаде дека нивната идеја која ја прифатиле и двајцата млади режисери Ангелчо Или…
Педалинките и натаму остануваат опасни реквизити за забава на вода. Тие масовно се изнајмуваат на Охридското Езеро и речиси секојдневно ја загрозуваат безбедноста на капачите на охридско-струшките капалишта. Педалинките не ретко се возат во плиткиот дел од езерото, па капачите постојано мора да внимаваат да не се повредат од нив. Овие реквизити за забава на вода, според законот за внатрешна пловидба, кај нас и секаде во светот не подлежат на технички преглед од страна на регистар, надлежно, надзорно тело и Капетанија, открива Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија на пристаништа на М…
И ова лето граѓаните реагираат дека во одредени маркети и продавници низ градов производите се чуваат на несоодветно место, најчесто пред самиот маркет изложени на надворешни влијанија, но и нагрдувајќи ја сликата на просторот околу маркетот. Посебно реагираат за пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа. Оние кои се јавија до нашата редакција кажуваат дека на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Цели палети со стока се остава и чува надвор од објектот до самиот плоштад. Тие дод…
Охридскиот општински инспекторат направил околу 900 контроли од почетокот на 2016 година, заклучно со 30 јуни. Обидувајќи се да направиме пресек на извршени контроли од страна на општинскиот инспекторат за време на летната туристичка сезона, а кои се однесуваат на урбаната опрема, плажите и угостителските објекти во градов, од Локалната самоуправа на Охрид добивме полугодишни извештаи за пооделни одделенија на инспекторатот.
„Ако го разгледаме табеларниот преглед по месеци ќе видиме точно колку се, меѓутоа јас ви ја кажав вкупната сума. Но она што е значајно да се каже е дека инспекторите …
Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности вклучуваат и студии за о…
Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека се прават анализи за зголемување на пензиите. Тој најави и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.
Ковачевски информираше дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.
Пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови – изјави Ковачевски.
Пред неколку денови опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ до Со…
19 уметнички дела масло на платно лирска апстракција ќе бидат вечерва изложени во Куќата на Робевци дело на сликарката Марија Мешкоска. Сликите ги хармонизираат со семантички пристап музичките и ликовните сензации. Насловот на првата самостојна изложба на Мешкова е Симфониска имагимација со богат колорит од кои зрачи живот. „Темата Симфонсикса имагинација не е избрана случајно. Тоа беше составен дел од мојот живот . Музиката во одреден дел од мојот живот заземаше главно место,а понатака морав да одберам меѓу ликовната и музичката уметност. Кога се одлучив за ликовнатат ументост сакав да …
Апел од Општина Дебрца за заштита од пожари.
„Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.
Одлуката од страна на Владата…