Авг 10, 2016

Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски

  Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски  Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости.  Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме 1.100 години од смр…

Авг 4, 2021

Утре истекува рокот за попишувачи и реонски инструктори

Утре истекува рокот за пријавување на Конкурсот што го објави Државниот завод за статистика за кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 5-ти до 30-ти септември ќе го спроведуваат попишувањето на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија. За општините Охрид и Дебрца, согласно конкурсот, потребни се 214 попишувачи и 21 инструктор. За Струга и Вевчани ќе бидат ангажирани 142 попишувачи и 14 инструктори. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописе…

Авг 10, 2016

Продиџи и Ал ди Меола се очекува да привлечат многу гости од Балканот и Европа во Охрид

Се е подготвено да финишира фестивалот  Охрид колинг со настапот  на големите светски  музички звезди Ал ди Меола и Продиџи.  Охрид е подготвен да ги дочека  гостите кои ќе допатуваат овој викенд во градот за да ги слушнат изведбите на светски познатите музичари, истакнаа од Локалната самоуправа кои се коорганизатори на фестивалот со Авалон продукција.„Според најавите и очекувањата од Авлон интересот е огромен не само од Македонија туку и од околните Балкански земји,  од други европски држави, од Англија  и Холандија заради директните авионски линии .Тоа е можност вљубениците во добрата муз…

Авг 9, 2016

Ново лето, стари проблеми

Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување на ваквите појави локал…

Авг 9, 2016

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид.На оваа крводарителска акција…

Авг 9, 2016

ФТУ и Универзитетот ги одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски

  Во одбележување на 1100-те години од упокојувањето на Св Климент Охридски се приклучува и битолскиот Универзитет кој го носи името на големиот просветител. Во таа чест во рамките на ФТУ во Охрид се одржува работолница за изработка на мозаици.   Под менторство на академик  Газанфер Бајрам учествуваат асистенти од прилепскиот Институт за старослаовенска култура и студенти од Техничкиот факултет од  графичкиот оддел, посочува Сашо Коруноски  ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски.„ Со изработката на логото во мозична техника ќе научат и ќе бидат поттикнати да се интресирата за овие …

Авг 8, 2016

Општина Охрид со 300 000 ден. ќе им помага на поплавените

Денес се одржа педесет и осмата вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Координаторот на советничката група „Сојуз на иднината“ со единствена точка на дневен ред, Предлог Одлука за спроведување мерки и активности за помош на загрозените семејства и институции погодени од поплавите. На седницата беше искажано сочуство за загинатите во поплавите кои пред два дена го зафатија скопскиот регион, а градоначалникот Никола Бакрачески рече дека изминативе два дена бил во постојана комуникација со Кризниот Штаб, со надлежните во ресорните министерства и со градоначалникот на град …

Авг 8, 2016

Во градинката „Билјана“ сеуште се излеваат фекалии

Градинката „Билјана“ сеуште затворена. Откако пред десеттина дена во овој објект од градинката „Јасна Ристеска“ настана хаварија на канализационата мрежа што предизвика појава на фекалии во пералната, децата и вработените принудно беа преселни од Билјана, во градинката Лихнида. Од тогаш интензивно се работи на отстранување на проблемот, но работите многу тешко одат. Дополнително ја комплицира ситуацијата што пералната од градинката всушност преставува приземје на зградата која се наоѓа над градинката, а под неа се наоѓаат подрумите. Цевката за канализација поминува на средината од пералната…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top