Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола- Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај.
Им се соопштува на граѓаните од Охрид кои патуваат кон Битола, дека сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, веат од Авто Мото Сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите останати патишта се одвива без забрани по суви коловози.
Се наѕира крајот на градежните работи во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска. Уште во текот на летото започна реновирањето на овој објект кој е стар повеќе од педесет години. Беа направени крупни зафати како промена на кровот, уредување на санитарните чворови, средување на занималните и холот. Директорката Розе Костоска заедно со целиот тим настојуваа работите да се завршат до почетокот на новата учебна година, но поради повеќе причини работата се пролонгира.Уште на самиот старт очекувавме дека ќе ни е потребно повеќе време за да ги уредиме работите бидејќи се појавија проблеми…
Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честита празникот велејќи дека градот Охрид отсекогаш бил специфичен, посебен и уникатен поради почитувањето на традицијата и празниците, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува низ вековите живеејќи сите заедно на овие простори, изјави …
На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле на свечен начин им беа врачени дипломите на 73 завршени академци. Информатичарите од овој универзитет се задоволни од стекнатото образование и диплома на факултетот за информатички науки и технологии, а поголемиот дел од нив понатамошното професионално реализирање го гледаат во земјава. Меѓу дипломираните студенти кои се стекнале со диплома на овој Универзитет е и информатичарот од факултетот за машинска интелигенција и роботика, Александар Лазаревски.„Јас работам во информатичка фирма и е добро. Информатиката во Макед…
За невработените лица кои имаат статус на деца без родители и без родителска грижа сместени во установи, згрижувачки семејства или кои биле под старателски надзор, тече оглас за вработување. На овие лица, со посредство на охридскиот Центар за социјални работи им се овозможува помош за да им се олесни животот. На нив, покрај вработувањето, им се помага и за добивање на социјален стан и финансиска поддршка во текот на школувањето и студирањето. Од први септември веќе тече огласот за вработување на овие лица, информира Гордана Атанасовска од Центарот за социјални работи.„Ги исконтактиравме…
Физичка пресметка помеѓу повеќе лица од Охрид, синоќа на улицата Бистрица во населба Воска.
На 04.08.2021 година во 15.35 часот на улицата „Бистрица” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ш.(22), А.Ш.(20), Л.Ш.(51) од една и Д.Ф.(32) и Ј.М.(39), сите од Охрид, од друга страна. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава -информираат од СВР Охрид.
Шеснаесет годишната успешна бизнис приказна продолжува. „Компанијата „БАКО“, која се занимава со производство, преработка и продажба на зрнести и прашкасти производи денес во Охрид приреди забава на која посебно место имаа нивните најверни потрошувачи. „Бако“ инаку поседува шест продавници на територијата на Македонија, а продавнацита во Охрид е првата отворена и денес го слави третиот роденден. Високиот квалитет на производите, љубезноста на вработените се основната причина поради која „Бако“ останува прв избор на потрошувачите.
„Премногу сум задоволна и од широкито асортиман на производи…
Полнење на кофи со вода, пукање балони во вода, се само дел од активностите на Игрите без граници. И годинава членовите на македонските здруженија за глуви и наглуви лица го одбележаа меѓународниот ден на глувите лица. За среќа утрово и времето ги послужи, па она малку сонце што огреа максимално го искористија. Домининираше натпреварувачкиот дух, додека пак целиот амбиент на плажата кај хотелот Далјан во истоимената охридска населба беше исполнет со радосни и насмеани лица.
„Одбележуваме по повод 28 септември, но годинава ги поместивме, сакавме да бидат во потопло време, ги одржуваме се…