Трет роденден на продавницата на „Бако“ во Охрид

Квалитет без конкуренција во производство, преработка и продажба на зрнести и прашкасти производи. Продавницата на брендот „Бако“ во Охрид денес го прослави третиот роденден.

 |   | 

Шеснаесет годишната успешна бизнис приказна продолжува. „Компанијата „БАКО“, која се занимава со производство, преработка и продажба на зрнести и прашкасти производи денес во Охрид приреди забава на која посебно место имаа нивните најверни потрошувачи. „Бако“ инаку поседува шест продавници на територијата на Македонија, а продавнацита во Охрид е првата отворена и денес го слави третиот роденден. Високиот квалитет на производите, љубезноста на вработените се основната причина поради која „Бако“ останува прв избор на потрошувачите.

„Премногу сум задоволна и од широкито асортиман на производите и од квалитетот на производите, ако не сме задоволни не би ни пазареле тука. Очбично по семките пошто децата ги сакаат, а и здравата храна.„Па задоволни сме, од сите производи конкретно. Па по семкастиве производи, благо нешто, суво овошје.„Нивниот квалитет, нивната услуга редовноста перманентното работење и една е од поефтините продавници во градот. Најдобра е кикирата, медот и други производи кои се редовни и сметам дека се еколошки и здрави“ велат потрошувачите.

Сите потрошувачи во „Бако“ имаат можност да се зачленат и да добијат клуб картичка која им носи посебен попуст при секое купување, но и регистрација која може да им донесе и вредна награда. Денес педесет нивни најлојални купавачи заминаа дома со многу повеќе од колку што планираа. Од вредносни ваучери, промотивни материјали и вечери за двајца до одмор во Банско.

„Здравата храна многу се бара и поради тоа се отворени сите овие продавници во Македонија, па поради тоа сме конкурентни на пазарот и со сигурност можам да кажам дека сме најдобри, зато што сме единствени кои можеме да ги понудиме сите овие производи. Во секоја продавница имаме и нутриционист кој на самите потрошувачи им кажува што е здраво, на што да обрнат внимание, им подготвуваат програми, мислам дека сме непобедливи и неприкосновени во однос на тоа“ објаснува Александра Ѓеорѓиевска – Менаџер за човечки ресурси „Бако“.

Покрај во Охрид, „Бако“ има продавници и во Битола, Прилеп, Велес, Тетотво и Скопје. Но оваа приказна не за вршува тука. Од направените истражувања на пазарот, произлегува потребата од отварање на уште продавници во останатите делови од државава. Впрочем кој би можел да одолее на мирисот на тазе печените кикирики

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top