Македонските работници се на долното ниво според најниската плата која ја земаат не само во Европа туку и во регионот. Ова од Охрид го кажа Пецо Ристески, претседателот на синдикатот на индустрија енергетика и рударство на Македонија, на денешниот 16-ти Конгрес. Тој при тоа најави подобрување на работничките права со 4-те резулоции кои ќе испратат до политичарите пред претстојните парламентарни избори. Мора да се договориме за повисока плата, кажа притоа Ристески.„Минималната плата да не е пониска од 200 до 300 евра. Погоре може да разговараме, а очекуваме и поддршка од другите синдика…
Поплавите во Стајковци и земјотресите во Скопје ја променија и свеста кај граѓаните од можните последици на природните катастрофи. Последните случувања од поплавите и земјотресите во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигураат домовите од штети. ДО осигурителните компании имало поголем број на јавувања и заинтересираност на граѓаните за да ги осигураат своите домови. Јавувања и барање на информации за осигрување од поплави и земјотреси имаше и во Сава осигурување , напоменува Ристана Николовска шеф на регионот за Сава осигурување. Таа ги појаснува условите на осигурување за двете п…
Во Охрид има само три згрижувачки семејства. Центарот за социјални работи преку разни програми прави напори да ги стимулира граѓаните кои имаат можност за тоа да станат згрижувачко семејство бидејќи тоа е вистински благодет за децата на кои им е потребна ваква грижа. Згрижувачкото семејство е најблиската форма до семејството и многу поприфатлива од установите како што се домовите за деца без родители. Неодамна двајца обучувачи од Охридскиот Центар за социјална работа добија посебни сертификати за програмата ПРАЈД што е кратенка од родителски ресурси за информирање, развој и едукација на згр…
Жири комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев” што НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид ја доделува за најдобра поема во ракопис во 2021 година, во состав: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), проф. д-р Мишел Павловски (член) и д-р Славчо Ковилоски (член), на својот заеднички состанок одржан на 24.12.2021 година едногласно ја донесе ОДЛУКАТА за избор на најдобра поема за 2021 година, при што како највисоко рангиран го посочи ракописот : „Цветко”, Шифра: Когито.
Поемата „Цветко” под шифра: Когито, пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран …
Опаѓањето на воздушните температури кои се најавуваат за претстојниот период не треба да ги загрижува земјоделците, порачуваат агрономите. Температурите кои се најавуваат од 6 до 10 степени минимални утрински не се штетни за растенијата и не предизвикуваат појава на слана. Повеќе треба да ги загрижува дождот кој може да предизвика проблеми при бербата на плодовите кои се во тек, предупредува Мирослав Трајчески, дипломиран инженер агроном од земјоделската аптека Агрос. Посебно тоа се однесува за овоштарите, одгледувачите на јаболко и винова лоза. По дождовите и појава на повисоки теме…
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска одржа работна средба со претставници од Центарот за Управување со Кризи, Територијалната противпожарна единица, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Mакедонски шуми“, НП “Галичица“ и Шумска полиција.
Целта на средбата беше да се согледа состојбата со пожарите на подрачјето на општина Охрид, а се разгледуваа можностите за превентивно дејствување во насока на избегнување на пожарите кои „беснеат“ на неколку региони во државава.
На состанокот се направи целосен преглед на расположливите човечки и м…
Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски открива до каде е оваа постапка за кој донесена е одлука и на Советот на општина Охрид и на Управнбиот одбор на ЈП.
„Во тек е постапка присоединување на ЈП за погребални услуги кон ЈП „Градски гробишта“, со преземање на сите обврски, вклучувајќи го тука и преземањето и на сите вработени. Обврските на ЈП беа истите за извршување на погреби но бидејќи немаше добиено лиценца од надлежните органи одлучивме дека не може повеќе да функционира ќе го преземиме и се тоа ќе го завршиме во …
Добра сезона бележи хотелот „Даљан“ во Охрид. Менаџерката на хотелот СлавицаСтефаноска, вели дека нивниот хотелски капацитет во месеците јули и август бил целосно исполнет, но според неа сезоната се уште не била завршена бидејќи приближно уште толку гости очекувале и во септември и октомври.
„Гостите кои што се од сојузите имаат посебна цена и посебни аранжмани за нив, посебно Сојузот за глуви, бидејќи ние сме хотел кој што е рамки на Сојузот на глуви на РМ но отворени сме и за останатите гости бидејќи ние сме хотел кој што мора да опстани и да заработи за своите плати и се друго така ш…