Охридскито хотел „Даљан“ бележи добра сезона

Хотелот Даљан како сместувачки капацитет на лицата со посебни потреби сместен е во прекрасна природа на брегот на Охридското езеро. Но човекот со своето несовесно однесување го нагрдува пристапниот пат до ова место фрлајќи секаков вид отпад. Сеуште не е решен ниту проблемот со осветлувањето и безбеден пристапен пат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Добра сезона бележи хотелот „Даљан“ во Охрид. Менаџерката на хотелот СлавицаСтефаноска, вели дека нивниот хотелски капацитет во месеците јули и август бил целосно исполнет, но според неа сезоната се уште не била завршена бидејќи приближно уште толку гости очекувале и во септември и октомври.

„Гостите кои што се од сојузите имаат посебна цена и посебни аранжмани за нив, посебно Сојузот за глуви, бидејќи ние сме хотел кој што е рамки на Сојузот на глуви на РМ но отворени сме и за останатите гости бидејќи ние сме хотел кој што мора да опстани и да заработи за своите плати и се друго така што имаме и други гости кои што се надвор од сојузите“

Стефаноска вели дека нивната работа со лицата кои имаат одреден хендикеп е специфична, но истата се работи со љубов и голема соработка со персоналот на хотелот. Стефаноска нагласува дека и оваа сезона не изостанале тековните проблеми со кои се соочуваат, посебно оние од комуналната сфера.

„Прво несовесноста на граѓаните од населба Воска кои што навистина го отежнуваат нашето работење и опстојување. Пред сезоната целиот состав на нашиот хотел го исчисти нашиот пристапен пат, плативме дури и булдужер, но веќе по трет пат пристапниот пат е со отпадоци, со ѓубре што дава грда слика и за хотелот и градот. Треба да се научиме на елементарно однесување…зошто…поминуваат покрај толку контејнери треба ноќе да фрлаат во близина на хотел..каков туризам градиме…како ги воспитуваме младите на чување на екологијата“.

Стефаноска повторно како проблем го нагласи осветлувањето, како и пристапниот пат, за кој се надева дека по завршување на сезоната, Локалната самоуправа ќе преземе активности за заштита на паркингот и патот бидејќи доаѓа есен, дождови како не би се повторила ланската катастрофална ситуација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top