СИЕР ќе бара подобрување на работничките права

Македонските работници се на долното ниво според најниската плата  која ја земаат не само во Европа туку и во регионот. Ова од Охрид го кажа Пецо Ристески, претседателот на синдикатот на индустрија енергетика и рударство на Македонија,  на денешниот 16-ти Конгрес. Тој при тоа  најави подобрување на работничките права со 4-те резулоции кои  ќе испратат до политичарите  пред претстојните парламентарни избори. Мора да се договориме за повисока плата, кажа притоа Ристески.

„Минималната плата да не е пониска од 200 до 300 евра. Погоре може да разговараме, а очекуваме и поддршка од другите синдикатаи во Макеоднија, иако во минатото имавме други случаи. Овој пат сите ќе застанеме и оваа граница мора  да се помести“, рече Ристески.  

Покрај зголемувањето  на најниската плата  Ристески најави и други барања кои ќе бидат упатени за да се подбри живеењето на граѓаните.

„ Покрај резулуцијата за најниска плата ќе се оди и на скратување на времето на склучување на работни  односи, сега се на 5 години , а наш став ќе е да не е повеќе од 1 до 2 години. Потоа тука се судските процеси од работните односи кои предолго траат  и ќе бараме специјално судско одделение  кое ќе се бави за пократко да траат судските спорови“, најави Ристески.

Претседателот на СИЕР како 4 резолуција го  најави барањето за зголемувањето на отпремнината за отпуштените работници без разлика на причините. Сумата за обештетување да биде повисока од онаа што е во моментов. Се случува работниците и по 3 децении работен стаж да си одат од работа само со 600- 700 евра и тоа не го прифаќаме. Секаде во светот сумите за отпремнина се високи и ние  тоа го бараме за македонските работници, кажа Ристески.     

Покрај овие резолуции се донесоа и финансискиот  извештај за 4 годишниот период,  беа  избрани нови органи, како и Статут и Програма за делување на СИЕР во периодот од 2016 до 2021 година.

 

подобрување, права, работничките, сиер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top