Општина Охрид го објави тендерот за реконструкција и партерно уредување на Кејот „Македонија“ на брегот на Охридското езеро.
Идејниот и основниот проект за модернизација на брегот на Охридското езеро беше изработен токму од страна на локалната самоуправа, и тоа по неуспешниот Конкурс за избор на идејно решение од 2015 година. Вредноста на овој проект е проценета на околу 1,2 милиони евра. Градежниот зафат треба да се реализира во период од 15 месеци, а рокот за доставување на понуди истекува на 12 октомври.
Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани, конечно ќе добие …
Сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Охрид попладне ќе биде во привремен прекин.
На патот ќе се изведуваат градежни активности – минирање.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот на сообраќајот ќе биде од 10 до 15 минути во периодот од 13 до 15 часот.
Препознавање и признавање на младинската работа во Р. Македонија. Со цел подобро позиционирање на младите во општеството, дојде момент во нашата земја да се дебатира на тема за донесување на Закон за млади кој и тоа како е потребен посебно заради алармантната ситуација со одливот на млади, како и со невработеноста на младите. Релевантните институции имаат слух, вели Мери Нашоку од Младинскиот културен центар Битола.
„Со оглед на тоа што имаме недостаток од политики за млади во Македонија, генерално не постои Закон за млади, но конкретно не постои и Закон за младинска работа, ние се на…
Светот е постојано соочен со закани за загрозување на човековата потреба од светски мир. Постојано доаѓаат вести за воени конфликти и насилство од разни делови на светот, а луѓето имаат потреба од мирен живот и просперитет. Заменикот градоначалник Ангел Јанев на Меѓународниот ден на мирот, пред присутните охриѓани и ученици на градскиот плоштад, се приклучи кон пораката на генералниот секретар на ОН Бан ки Мун и упати порака до сите луѓе кои сакаат да направат нешто позитивно за идните генерации да ја почитуваат најскапоцената придобивка на едно општество, мирот. Притоа Јанев потсети н…
Седумдесет години борба за светлина. Националниот Сојуз на слепи на Мекдонија одбележува голем јубилеј, 70 години од своето основање и активна работа. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката. Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија и нивната подобра соц…
Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање. Некои студенти тврдат дека за да добиеш соба во дом покрај потребната документација наведена во конкурсот треба да имаш и добри врски и соодветна партиска припадност. Од охридскиот студентски дом „Никола Карев“ тврдат дека кај нив немало ниту ќе има вакви случаи. Додаваат дека постапката за аплицирање за сместување во државните студентски домови е крајно транспарентна што нема речиси никакви можности за било каква злоупотреба. Право на пријава во државните студентски домови имаат редовни студенти кои се државјани на Р…
Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот, информираат од Локалната самоуправа.
Спортот и неговата врска со образованието, здравството…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп. Пријавената, со намера да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија. Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000,оо денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети.
Во текот на март годинава, сега оштетени…