Окт 8, 2016

Сеуште се чека измена на деталниот план за изградба на нов објект кај маларична Охрид

  Изградбата на современ Ургернтен центар на местото од маларична во Охрид зависи од промена на ДУП. Како што открива Цветко Грозданов првиот човек на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор,  проектантот и носителот на ДУП направиле грешка, односно проектирале домување заедно со здравство.„Законски домувањето и здравство не одат заедно, мора да бидат оделени. Така што сега со градоначалникот Бакрачески правиме напори да ги одделиме домувањето од здравството и објектот кој ќе биде како Ургентен Центар или поликлиника ќе биде одвоен од зградите каде што треба да …

Авг 7, 2021

СВР Охрид: Навремено се забележани 9 пожари, поставени се полициски пунктови

Со цел за поефиксна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид, на целото подрачје постави полициски пунктови од каде се надгледуваат отворените простори и спроведува полициски патроли за преглед на шумските терени, посебно на потенцијални покритични места. Од досега преземените мерки, на подрачјето на СВР Охрид, навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, тие се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење. Заради поефикасна борба, СВР Охрид ги вк…

Окт 8, 2016

Концерт – Ансамблот Билјана и пријателите

  Познатата охридска група на староградска музика „Билјана Јуниор“, ќе настапи на свеченоста по повод 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Концертот е во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Младиот хармоникаш од овој состав Јован Поп Стефанија, вели дека годинава одбележуваат 8 години од нивното формирање, како и два значајни јубилеи 5 годишнина од нивниот прв концерт и 65 години од постоењето на Ансамблот Билјана. Поп Стефанија не откри со кои песни ќе настапат, но затоа пак рече дека ќе приредат незаборавен концерт со повод. „Оваа година одбра…

Окт 7, 2016

Објавен оглас за идејно решение за изградба на катна гаража

  АД за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за идејно решение за изградба на долгонајавуваната и долгоочекуваната катна гаража. Станува збор за катната гаража која треба да се гради зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг. Цветко Грозданов, директорот на Друштвото вели дека во соработка со Локалната самоуправа на Охрид направиле специјален план со кој било променето деталното урбанистичко решение со цел да се изгради катната гаража која ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила. „Очекувам да се избери…имаме составено Комисија составена од еминентни стручни лица …

Окт 7, 2016

ОПЦИЈА од Охрид се приклучува кон протестот на Владата и Министерството за здравство

 Граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија бараат од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ. За реализација на националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, а предвидени се само 27 милиони денари. Од невладините организации велат дека овој износ не е доволен да ги покрие ниту потребите за животоспасув…

Окт 7, 2016

Грозданов: Настојуваме во Охрид да нема семејство без покрив над глава

  Денес вратите на Подрачната единица во Охрид на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на државата, беа отворени за охриѓани. Некои од граѓаните ги подигнуваа договорите за социјалните станови, други бараа замена за стан, а најприсутни беа оние кои што од првиот човека на ова Друштво, Цветко Грозданов, побараа да добијат стан, како би го решиле животното прашање. „Живеам со две деца, самохрана мајка сум маж ми е починат 29 години. Имам една делба и имам стан кај „Богомилска“, има два трансформатори, влага, знае и социјалното, детето има…

Окт 7, 2016

CIVIL: Македонија нема изградено капацитети за слободни избори

Невладината организација „Цивил“ – Центар за слобода деновиве ги интензивира своите активности во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември. Од „Цивил“ се во потрага по луѓе кои немаат партиски ангажман, ниту се партиски определени односно не се партиски активисти, кои би биле дел од нивната набљудувачка екипа. Овие активности се дел од едно долгорочно набљудување на целиот политички процес, особено на настани процеси кои се во изборен контекст, посебно за претстојните предвремени избори кои ќе бидат многу важни за нашата држава. Ситуацијата на терен е сериозна, вели Џабир Дерала – НВО…

Окт 7, 2016

Нов циклус „Отворени денови на катастар“ во охрид и Струга

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со организирање на нов циклус „Отворени денови“ за решавање нејаснотии и проблеми поврзани со катастарското работење. „Отворени денови“ со катастарот ќе се одржат на 12-ти октомври во Охрид и на 13-ти октомври во Струга. Покрај граѓаните, за првпат ќе може да учествуваат и приватни геодетски фирми и компании. Денот посветен за компаниите ќе биде искористен за обуки, консултации и решавање посложени проблеми од тековното работење. Во текот на ланските отворени денови на Катастарот стручните тимови примиле 2.934 граѓани. На 800 им е решен про…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top