Окт 12, 2016

Се чека тендер за изработка на проект за изградба на театар во Охрид

  Овој месец, октомври, Министерството за култура треба да објави тендер за изработка на основен и изведбен проект за изградба на театар, најави министерката Елизабета Канческа Милевска, при нејзината неодамнешна работна посета во Охрид. Таа смета дека најважното веќе е направено, а тоа е донесувањето на урбанистичката планска документација. Милевска вели дека сега слободно може да се продолжи со останатите фази. „Согласно идејата за јавно приватно партнерство во однос на изградбата на театарот, информирам дека во изминатиот период се работеше на урбанистичко планска документација. Таа до…

Окт 12, 2016

Помош за пишување домашни

Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети. Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето. Часовите ќе се одвиваат во просториите на …

Јан 10, 2022

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2021 ГОДИНА

Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид. Наградите и признанијата за Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и Спортист/ка во категоријата на лица со…

Окт 11, 2016

Коритото на реката Коселска сеуште не е исчистено

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на подрачјето на Охрид и Дебрца нема застој на речните корита и канали од дождот кој врне вчера и денес. Прашавме дали постојат критични точки на некои речни канали и дали се исчистени  сите досега лоцирани  проблематични места. Од ЦУК напоменуваат дека сето тоа е во надележност на Лoкалната самоуправа.  „Со досега направените проценки овие слаби места и  точки се детектирани и останува Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да ги рсчисти за да има поголем протек и  да има безбедна зимска и рано пролетна сезона“ , вели Митко Темелко…

Авг 7, 2021

Пештанец се однесувал агресивно кон полициски службеник

 На 7-ми август 2021 година, во 01:50 часот, во СВР Охрид бил приведен 24-годишниот П.Ф. од охридското село Пештани. Истиот, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Окт 11, 2016

„Пустинската змија од Гиза“, роман за хероите кога се обични луѓе

Кичевчанецот Илија Магденоски, кои живее и твори во Охрид, подготви вистинско изненадување за сите љубители на пишаниот збор. Утре во Скопје ќе биде промовиран неговиот прв роман , делото „Пустинската змија од Гиза“. Магденоски, дванаесет години поминал на работа во дипломатско-конзуларни претставништва на СФРЈ во Сиднеј, 6 години во Мелбурн и 4 години во Амбасадата на Република Македонија во Словенија, како и во Амбасадата во Ватикан. Пред враќањето во Република Македонија од Австралија, два месеца престојува во Сингапур и во Малезија. Оваа книга, Илија одамна ја напишал и тоа во еден од н…

Окт 11, 2016

Охрид го чествува 11 – октомври

  Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода. „Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката револуција. Денес сме овде да им о…

Окт 10, 2016

Хаотична 61ва седница на градскиот совет

Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од позицијата ги обвинуваа дека се кочничар…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top