Ное 7, 2016

72 години слободен Охрид

  72 генерации растат во слободна Македонија и Охрид, благодарение на хероите од НОБ, благодарение на хероите од епската четиригодишна борба, истакна градоначалникот Никола Бакрачески на свеченоста по повод ослободувањето на Охрид. Бакрачески рече дека имињата на Јасна Ристеска, Вељан Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид, се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја. „Овој датум е посебен не само како ден …

Фев 14, 2022

Казнети тројца возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

На 12/13.02.2022 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни акциски контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 07 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04). Во Дебар едно возило е исклучено од сообраќај поради измината важност на сообраќајната дозвола – информираат од СВР Охрид.

Ное 7, 2016

Преработувачите на млеко од oхридскиот регион стравуваат од млечна криза

Во охридско и Дебрца драстично е паднат бројот на сточари кои произведуваат млеко како суровина за преработувачката  индустрија. Пред 20 години  млекопреработувачката индустрија Лабрадор имала 90 кооперанти, а во моментов тој број е сведен на 35 производители на млеко, вели Славко Николоски од Лабрадор. „Тоа е една од големите опасности која им прети на млекопрераработувачите како што е Лабрадор. Се помалиот број на кооперанти и лица кои се занимаваат со сточарство на територијата на општините  Охрид и Дебрца. Во изминативе 2 децении бележи пад на лицата кои се занимаваат со сточарство  и у…

Авг 10, 2021

Продолжува хаосот со такси превозот во Охрид

Охридските такси превозници одбиваат да ги возат граѓаните на релации низ градот. Во трката за поголема заработувачка прифаќаат да возат само кон плажите. Хаосот во такси превозот се повторува секоја летна сезона кога за охриѓани на пеколните горештини услугите од таксистите се недостапни. Не ретки се и случаите на наплата по двојно па дури и тројно повисока цена од вообичаената тарифа. Градските власти во Охрид велат дека не можат да стават крај на оваа појава. Тоа прашање не е за нашите инспекциски служби. Немаме начин и методлогија да провериме дали на секој граѓанин му излегле во пре…

Ное 7, 2016

Јасна Ристеска во ослободувањето на Охрид загинала трагично на ридот Чекоштина

Денес, Охрид го слави 7- ми Ноември, денот  на ослободувањето. Пред 72 години, во партизанскиот напад врз германските  војски, на 7 ноември 1944 година меѓу борците кои учествувале во нападот била и младата партизанка Јасна Ристеска.  Јасна  е родена во село Рамне во 1927 година, а  загинала кај Чекоштина.  За 17 годишната девојка, денес  малкумина охриѓани знаат каде е точното место на нејзината погибија. На трагичниот настан од Втората Светска војна, денес  живо се сеќава Стојан Стојаноски, од село Орман, тогаш момче на 13 години. Стојаноски раскажува дека  селаните по збегот и германско…

Ное 7, 2016

Хуманитарна акција во О.У. „Христо Узунов“

Во ОУ Христо Узунов во текот на минатата недела од страна на Советот на родители при училиштето и наставниот кадар се одржа голема хуманитарна акција со Наслов „Од Нас За Нас“ во прибирање на облека, обувки и ученички прибор. Од училиштето потенцираа дека значителен е бројот на ученици од ранливите категории на кои им е потребна помош, но голем е и бројот на родители кои помогнаа во спроведување на оваа акција заедно со наставниот кадар од училиштето. Собрана е поголема количина на алишта, обувки, училишен прибор кои веке се делат на ученици на кои им е псе потребни.Од училиштето испратиј…

Ное 5, 2016

Вдомување на кученца

  Викенд акција за вдомување на мали слатки миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид членовите на Анималија, здружението за заштита на животни, организираа акција за вдомување на мали кученца. Анастазија Димзовска која со нескриени страсти зборува за кученцата вели дека акцијата има за цел да им се обезбеди дом на што е можно повеќе кучиња, бидејќи доаѓа зима, а кученцата ќе бидат осудени на страдање, глад и смрт на улица. „Многу кучиња ни се насобраа и едноставно не можеме да ги донахраниме со наши трошоци. Исто така овие малечки да се вдомат пред да пораснат, бидејќи тогаш никој …

Ное 5, 2016

Ќе се гради катна гаража или не?

  На просторот кај паркингот на градскиот пазар согласно урбанистичко планска документација предвидена е изградба на катна гаража. Донесувањето на одлуката за надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража, кај дел од советниците побуди сомнеж. Советникот Кујтим Усеини укажа дека за истото место пред неколку години веќе се гласало. „Ние лично, јас, со колегите од прошлиот состав гласавме за катна гаража, таа иста зграда што има дуќани, станови и деловни простории. Што сега ќе биде таа, ќе биде истата? И сега гласаме и ќе гласаме не е проблем, да биде катна гаража,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top