Ное 28, 2016

Оралното здравје на охриѓани најмногу загрозено од забниот кариес

Денталниот кариес и понатака најголема опасност за забите кај охриѓани. Парадентозата  пак за среќа во многу помал  процент ги напаѓа забите. Ова се податоци од охридскиот Центар за јавно здравје од ажурираните податоци добиени од стоматолошките ординации во градот. Само половина од стоматолошките ординации доставуваат податоци за состојбата со денталното здравје  на охриѓани во Центарот за јавно здравје. Според статистичките податоци во последните три години  најмногу на преглед се јавиле пациенти во 2015 година  и тоа 7,1 % на возраст од 20 -34 години. Во истата година опаднал бројот на п…

Ное 26, 2016

„Левица“: Ќе ја вратиме демократијата во Македонија

  Новата партија на политичката сцена, „Левица“, денес го одржа своето прво претставување во Охрид. Носителот на листата за 5 Изборна Единица, Здравко Савески кажа дека тука биле за да ја вратат слободата во Македонија, демократијата и социјалната правда. Тој кажа дека македонскиот граѓанин не живее туку преживува, а тоа не смее да се дозволи. Додаде дека земјата има пари но истите се крадат и се трошат од функционерската класа. „Мора да престане кршењето на правата вклучително и на работничките права за да можат луѓето да останат во земјата. Охрид стана град на духови, почнаа да бегаат г…

Ное 26, 2016

Промовирано делото „Трансфузиона хематологија и интерна медицина“

  Промовирано делото „Трансфузиона хематологија и интерна медицина“ на д-р Трајан Стрезоски. Станува збор за селекција на дела кои авторот ги пренесол на хартија, инспириран од неговото долгогодишно работење како доктор по оваа проблематика, истакна еден од промоторите на оваа научна студија, д-р Верољуб Василевски. „Денеска имаме шанса да видиме едно дело на еден наш колега кој што целиот свој живот го посветил на прибирање на ситуации од одделенијата за да може да состави едно вакво дело“. Д-р Александар Стојановиќ е еден од рецезентите на книгата „Трансфузиона хематологија и интерна м…

Дек 28, 2021

Гран при награда за гастрономија добија тројца студенти од ФТУ на натпревар во Истанбул

Тројца студенти од ФТУ од одделот гастрономија се добитници на 9 медалји и Гран при награда на Меѓународен натпревар по гастрономија во Истанбул. Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски со своите готвачки вештини го освоија жирито со подготвените специјалитети и декорации. Вредните шефови се задоволни од својата презентација во подготвување и сервирање храна на овој престижен меѓународен натпревар кој им отвора нови можности.   Се надеваме дека ќе завршиме во некој од најдобрите ресторани тука или странство – истакна Христијан Јорданоски. Првпат учествувам на натп…

Ное 26, 2016

Шекеринска: Планот за живот во Македонија гарантира дека младите од целата држава ќе останат тука

Во Охрид сите граѓани велат дека ова е проблем број еден, дека градот се празни, младите заминуваат, затоа што тука не гледаат ниту шанса  за пристоен живот ниту шанса за било каква работа. Нашиот план за живот во македонија го има овој проблем како приоритет број еден. Во тој план предвидуваме 140 милиони евра насочени кон домашните компании за да создаваат нови работни места и да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително ќе обезбедиме за сите домашни мали и средни претпријатија кредити во износ од 15 000 евра со камата од само 1% за ад можат тие да се развиваат и да отвараат нови работни …

Авг 11, 2021

Оштетени и испревртени сообраќајни знаци на охридските улици

Оштетена и испревртена сообраќајна сигнализација е се почеста слика низ охридските улици. Ова се случува во летната сезона кога во градот има  домашни и странски гости кои дошле на летување со сопствени возила. Возачите наидуваат на крстосници каде што се збунети од обоените, излепени или испревртени сообраќајни знаци. Во таквите ситуации се доведуваат во опасност себе си и останатите учесници во сообраќајот, а се покажува и нашето ниво на сообраќајна култура, напоменува за овие состојби дипломиран сообраќаен инженер, Соња Шикалоска.     Се е намерно и не е случајно. Некој да бои знак по…

Ное 26, 2016

Арнаудов: Поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој

Во Охрид во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности за љубителите на кошарката е предвидена изградба на четири кошаркарски игралишта. Предвидена е реализација на проектот за популаризација на повеќе спортови: ракомет, фудбал, ватерполо, кајак, веслање, едрење, бадминтон, пинг-понг, одбојка на песок  вклучувајќи на истите и бесплатни часови за обука чија што целна група се деца, младинци и други посетители. Исто така за општина Охрид е предвидено реализација на проектот локални младински совети, а токму преку овој проект младите можат директно и не…

Ное 26, 2016

ЦИВИЛ: Изборите ни од далеку нема да бидат фер и демократски

Не престануваат притисоците, заканите и уцените врз граѓаните во предизборниот период за предвремените парламантерани избори во Македонија, тврдат од Цивил. Особено на мета се вработените во администрацијата и најсиромашните граѓани во државата. Тие секојдневно трпат разни манипулации и злоупотреби од страна на политичките партии. Ова го регистрирале теренските набљудувачи на Центарот за слобода Цивил во изминатиот период. Од таму велат дека најалармантна е состојбата со злоупотребата на малолетниците. Се вршат притисоци и врз децата за жал и на малолетниците преку образовните структури за …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top