Ное 22, 2021

Жителите од Бараки и Видобишта бараат подобра комунална инфраструктура

Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и  „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски.      Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец ќе засади нови садници кои се…

Јан 26, 2021

Светски ден за едукација за заштита на животната средина

ОД НП „Галичица“ со порака дека еколошката едукација ја создава платформата која ги зголемува знаењето и свеста за животната средина околу нас. Ова е неопходно за заштитата на животната средина, затоа што само знаењето за биодиверзитетот и другите значајни природни карактеристики, ќе обезбедат основа за соодветно однесување за заштита на природата. Само врз ваква основа може да се подигне јавната свест за проблемите поврзани со урбанизацијата, цврстиот отпад, шумските пожари, загадувањето на водата и воздухот, неконтролираното собирање на недрвни шумски производи и други природни ресурси, …

Јан 26, 2021

Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот. Почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница “Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тес…

Јан 26, 2021

Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид

Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева. Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите. Оригинален наслов:Господ постои, името ѝ е Петрунија Траење на филмот:…

Јан 26, 2021

Претседателот го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, синоќа го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. Од неговиот кабинет велат дека тој очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Јан 26, 2021

ВО ПЕТОК ДВЕ СЕДНИЦИ НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ, ЕДНАТА, СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

За овој петок педесет и четвртата седница и педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 10:00 часот. Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникацијa. На дневниот ред на педесет и четвртото издание на седницата ќе се најдат Предлог – програмите во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година. Потоа Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година и Предлог – одл…

Јан 26, 2021

ЕВРОПСКИ УСЛОВИ ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна. Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска опрема кои значително ќе придонесат за поефикасна обука и подобрување на квалитетот на ученичката пракса. Опремувањето на оваа училишна просторија беше овозможено во рамки на проектот за Локална и регионална конкурентност кој е финансиран од фондовите на Европската Униј…

Јан 25, 2021

Граѓанска тужба за струшката депонија

Тужба за Министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие за струшката депонија. Македонското здружение на млади правници  во соработка со адвокатската канцеларија   Стојкоски –Ќатоски бараат итно да се престане со депонирање на градскиот смет на депонијата која ја загадува почвата,  реката Црн Дрим и Охридското езеро.  Претоварната станица која се изгради пред 3 години со цел  да се пренесе струшкиот отпад на  друга локација не профункционира. А регионална дешпонија како трајно решение на проблемот не е ни на повидок.Поднесена прва  граѓанска тужба за струшката де…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top