Јан 4, 2017

Новогодишните празници бериќетни за охридските угостители

  Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој.Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на цените. Тоа може да се вид…

Дек 22, 2015

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот 22-ри Декември

Со училишен саем на секции, спортски активности и хуманитарна аукција, се одбележа 22-ри Декември патронатот на основното училиште „Кочо Рацин“. Учениците продаваа колачи и пецива со цел да соберат што повеќе парични средства кои ќе имаат  хумана цел. Аукцијата се одржа на иницијатива на Советот на родители од училишетето, а беше поддржана од наставничкиот колктив на училишетето напоменува Горан Велјаноски, претседател на Советот на родители.„ Овој настан е хуманитарен и собраните средства ќе се донираат во две семејства – за лекување на  еден поранешен ученик  од ова училиште и за еден прв…

Јан 4, 2017

Млaдите охридски ротаријанци во празнична хуманитарна мисија

За Бадник на градскиот плоштад членови на охридскиот Ротаракт клуб ќе делат сирење и варено вино, а собраните средства од акцијата ќе одат во хуманитарни цели. Охридските ротаријанци на Бадник во нова хумана мисија. Секогаш присутни кога помошта е најпотребна, малдите членови на Ротаракт клубот од Охрид се надеваат дека собраните средства од акцијата, ќе помогнат во решавање на проблемите на некој од нашите сограѓани. „Од 12 до 15 часот Ротаракт клубот од Охрид во рамките на своите годишни програмски активности ќе организира хуманитарна акција на која на посетителите ќе им делиме кувано в…

Јан 4, 2017

Уште една атрактивна туристичка понуда за празнициве

Бродовите „Александрија“ 1 и 2 по симболична цена ќе пловат до манастирот „Св.Наум“. Билети сите заинтересирани може да се набават исклучиво на градското пристаниште и тоа уште денес. Убавото време за празнициве ги измами туристите да уживаат во бродските тури низ езерово. Охридските бродари задоволни од интересот кој и домашните и странските туристи го пројавија за уживање во секогаш атрактивните тури. „Во принцип времето помогна, времето беше убаво интерес имаше направивме неколку релации со бродовите и за Св. Наум и тука едночасовни крстарења, беше убаво задоволително.Бродовите се зато…

Јан 3, 2017

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се  денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата.Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе подигнат сиот комунален …

Јан 3, 2017

Се е подготвено за свечената бадникова поворка

Четврта година по ред, со фенер и ѕвездички во рака, пеејќи ја традиционалната христијанска бадникова песна „Вечниот Бог“ ќе се одржи „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“. Годинава кон поворката ќе се вклучат повеќе од 300 дечиња од охридските училишта од претшколска возраст па се до 9-то одделение, објаснува Летка Филипова -член на организационен одбор „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“. „Утре во среда во 13 часот ќе ни биде генералната проба во ОУ „Христо Узунов“, пворката ќе биде во петок, на Бадник ден пред Христовото раѓање, тоа …

Јан 2, 2017

Внимавајте што и од каде купувате

Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка стока поради некои поволности…

Авг 13, 2021

Објавена листата на граѓани кои добија ваучер за домашен туризам

Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за домашен туризам во износ од 12.000 денари. Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од пријавените угостителски објекти за сместување, објавени на веб- страната на Министерство за економија. Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top