Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото Талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро.
– Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат.
Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го видиме…
Република Унгарија отвори почесен генерален конзулат во Охрид. Проф. д-р Марјан Бојаџиев е именуваниот почесен унгaрски конзул во земјава. На свеченото отварање присуствуваа високи дипломатски претставници од двете земји. Успешна работа и плодна соработка на почесниот конзулат посака охридскиот градоначалник Николa Бакрачески. „Рабоата на овој конзулат ќе придонeсе за искористување на унгарските искуства за приклучување на РМ кон евроатланските интеграции и ќе придонесе многу и за препознавање на Охрид како дестинација за унгарските инвеститори и се разбира за унгарските туристички работ…
Второто полугодие во сите училишта во Охрид започна без никакви проблеми. Навреме е извршена дополнителната дезинфекција на просториите што беше препорака од Комисијата за заразни заболувања поради зголемената појава на грип.Во текот на вчерашниот ден сублимиравме и речиси и да немаше отсутни. Секако добре дојдена беше и паузата која ја имавме за зимскиот распуст така што второто полугодие почна во најдобар ред,. Доколку и понатаму има некои инструкции или ние сами осетиме дека се зголемува бројот на ученици заболени од грип ќе преземеме дополнителни мерки, вели Тони Симоноски- директорот н…
Охридските избраници ќе заседаваат за првпат во новата година. Утре, ќе се одржи 67-та седница на Советот на општина Охрид, на која на дневен ред ќе бидат дури 60 точки, во најголем дел одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.
На дневниот ред на ова издание на седницата на советот се и неколку предлог решенија за именување членови во комисиите за општествени дејности, за верификација, избори и именувања како и во комисијата за урбанизам. Покрај останатите точки на ова издание на седницата на советот треба да биде констатиран престанок на мандатот на советничката Жаклина Лазарес…
Привршуваат подготовките за големиот верски празник Богојавление Водици. Точно во 10 часот од Светилникот на пристаништето, Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Во таа насока членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде треба да биде спроведено положувањето на Светиот крст во осветените води. Исто така екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на…
Охридската фирма „Експрес Димакс“ при пообилни врнежи од снег ќе ги чисти населбите северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица. Ова фирма беше единствена која се јави на врториот јавен повик кој го распиша општината. Локалната уште пред еден месец го распиша првиот тендер за изнаоѓање фирми кои ќе се нафатат да ги исчистат патиштата во руралните средини од снег и мраз и за таа намена од буџетот издвои 1 500 000 ден. Тендерот се состоеше од четири дела, но тогаш само четвртиот кој ги опфаќаше селата од Опеница д…
Охрид во втората половина од август е домаќин на светската пливачка елита. Со низа натпреварувачки настани од меѓународен карактер и едукативни семинари пливањето ќе го заземе заслуженото место.
Како што информира Пливачката федерацијата на Македонија предводена од Александар Маленко на денешната прес конференција, утре со почеток во 16 часот ќе се одржи ЛЕН-Европски Куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина на 10км.
Се очекува да учествуваат 33 пливачи од 14 земји, меѓу кои и 6 од земјава.
Во овој момент Охрид е центар на водените спортови нашиот сон кој макортпно неколкумина в…
Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации.
Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека на повторниот јавен повик ќе…