185 охридски функционери и членови на Вмро Дпмне протестираа пред СВР Охрид. Тие на овај начин искажаа револт кон претставнците на СЈО и начинот на врачување на поканите за сослушување во врска со донациите кои ги давале на партијата за предвремените парламентарни избори во 2014. Повиканите на информативен разговор функционери и членови на Вмро Дпмне сметаат дека во чинот на донирање за партијата немало ништо спорно. Донацијата е легална и правна работа, имаме право, сме донирале и ќе донираме, кажа Љубен Арнаудов претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.„ Тие доаѓаат не испитуваат зашто с…
По обилните врнежи од дожд кои го зафатија нашиот град, возачите си имаат нова мака, а тоа се дупките кои секојдневно се отвараат. Но тоа не е нешто ново во Охрид. Речиси и да не постои улица односно труп на пат од каде не зјае по некоја дупка. Учесниците во сообраќајот, посебно возачите на моторни возила реагираат на ваквата состојба. Велат, плаќаме за одржување на патиштата и даноци и се останато, а дека не добивале адекватни услуги. Тие бараат поголема одговорност од надлежните.
„Катастрофални се патиштава, не само во Охрид, туку и во Струга, Ресен, Битола катастрофа е. Уредно плаќам…
Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија.
Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатаке ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граќани во локалната заедница.
О…
Охрид доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. На простор од 600 метри квадратни, на два ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Охрид. Овај бренд постои веќе 23 години и успешно работи со 8 други продажни центри во државава. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не заостанува и по квалитетот …
Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во македонското Здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна телефонска линија каде сите…
Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија. Градежен шут има насекаде, а сега несовесните граѓани почнале да си фрлаат и комунален отпад. Жителите во оваа населба се жалат дека од сите страни се затрупани во ѓубре. Не можат да отворат прозорец, ниту пак да излезат на тераса. Се обратиле повеќепати до Локланата, но депонирањето на шут и ѓубре продолжува и понатаму.Ние ги испраќаме до Општинскиот инспекторат од каде во неколку наврати превзедоа определени мерки за расчистување на овој потег од дотогаш депонираниот градежен шут. Станува збор за несовесни граѓани кои шутот кој…
Стрелачката Нина Балабан е спортист на Охрид за 2016 година. Оваа титула Балабан ја добива по втор пат, првиот пат беше во 2013 година. Таа изминатата година ја оценува како мошне успешна. Посебен печат било нејзиното учество на олимпијадата во Рио, добивањето на престижната награда Климентовата повелба, како и првиот натпревар после олимписките игри кој се одржал во Белград на интернационалните игри.
„Можам да кажам дека јас сум единствениот македонски стрелец кој што успеа да се закити со трето место на еден престижен натпревар, се тоа крунисано со два државни и лични рекорди. И да би…
Секторот за туризам и локален економски развој од буџетот на општина Охрид обезбеди 1 милион и 500.000 денари за микро проекти. Парите се наменети за поддршка на проекти кои ќе служат за поддобрување на водоводите, помали делници од патната инфраструктура, потпорни ѕидови, селските чешми или селските простори во руралните заедници и микро заедници. Условите за аплицирање се стандардни и се според Стратегијата за локален економски развој на општина Охрид и подстратегијата на руралниот развој. Целта е побрзо решавање на проблемите од областа на туризмот или другите области од економскиот ра…