Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори излегле на терен и што…
Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против нив.
„Ние тоа се го пријавивме в…
Десетина канделабри на пешачката патека од мостот према Горица1 немаат капаци за заштита на жиците за струја. Од Локалната велат дека не станува збор за недокомплетирање на канделабрите или чекање на капаците дополнително да се монтираат бидејќи тие одат заедно со целиот столб, туку дека ова е дело на несовесни граѓани кои ги крадат заштитните капаци. Екипи од Локланата во изминатиов месец во два наврати интервенирале на оваа патека, но појавата продолжува и понатаму. Ни преставува голем проблем во Секторот за комунален развој бидејќи ние канделабрите ги нарачуваме комплет со капаците, а не…
Двата празника Св. Трифун и Св. Валентин се одлична можност да ги изразите вашите чувства и љубовни изјави. Имајќи го во предвид верувањето дека со овој ден се буди природата и љубовта, празнувањето на овој ден го олеснуваат дел од охридските хотелско – угостителски капацитети, со своите понуди. Маријан Трпески менаџер за продажа во „Сити Палас“ вели дека нивниот хотел ги спуштил цените на дел од услугите кои ги нуди овој хотелски капацитет.
„Имаме ресторанска понуда во која е вклучена салата јадење, десерт и вино Тиквеш. Додека во делот со спа центарот имаме понуда на користење на дво …
Светската едиција Патримониум, списание каде се сместени текстови од еминентните научници од цел свет, последното издание го посвети на нашиот историчар на уметноста и археолог Гоце Ангеличин Жура. Животниот опус на Жура крие безброј тајни за светиот град Охрид, дел од нив свое место најдоа во неговите досега издадени 16 дела. Најголемите умови од Цариград и светот биле на охридскиот престол, Охрид е уникатниот град во кој никој ништо не рушил ниту турците, пренесува Жура. Тој вели дека добро е што постојат луѓе во светот, кои следат, кој, што работи и пишува и ги препознаваат вистинскит…
Република Македонија нема потпишано меѓународен договор со Република Албанија со кој ќе бидат дефинирани максималната и минималната кота на нивото на водата во Охридското Езеро. Иако двете држави во повеќе наврати одржувале конференции и средби на кои се дискутирало на оваа тема не се нашло заедничко решение. Таков договор е неминовен за соодветна регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим, велат експертите. Тони Маркоски, директор на ХЕС Црн Дрим кажува дека моменталната регулација на езерото се прави врз основа на одлука на Извршниот совет на РМ во 1980 год. според која максималн…
По краткиот прекин поради лошите временски услови повторно се интензивираат работите на рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Ќе се дозавршува ископувањето на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи. Потоа започнува изградбата на двометарската платформа која ќе се наоѓа на десната страна од постоечкиот канал, која што освен визуелен аспект ќе има и големо техничко значење со тоа што ќе обезбедува и пристап до пловните објекти. Рокот за комплетна реализ…
За влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација треба да приложат и потврда дека од прележаниот ковид има поминато најмалку 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник.
Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, но во овие рамки има и нова потврда за прележан ковид со која граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места – дополни Филипче.
Од 16 август …