Нова ветеринарна амбуланта во Охрид. На ул „Славеј Планина“ бр 12, во нови современи простории отпочна со работа „Вет Спирит“. Овој добро опремен простор со сите пропратни содржини ќе ги израдува сопствениците на милениците во Охрид. Ветеринарната амбуланта ќе се стреми да прерасне во една најпопуларна и најпрофесионална болница, вели Јане Атанасов, доктор по ветеринарна медицина.„Опремена е со апаратура за испитување на крв, ехо дијагностика, копролошки прегледи, лабораторија, хируршки интервенции и Пет Шоп. Ќе имаме консултативни сесии, известувања, промоции, бесплатни совети и преглед…
Одржан првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид опен 2021“. Пливачката манифестација се одржа по пауза од една деценија. Пливачките вештини ги одмерија 18 клубови од земјава и регионот. Учествуваа над 200 пливачи во машка и женска категорија. Организатор на Пливачката манифестација е ПК „Акваспирит“ од Охрид. Претседателот на ПК “Аква спирит” Миле Јовановски напоменува дека се презадоволни од тоа како протекол настанот, но и од постигнатите резултати на охридските пливачи.
Локалните пливачи, за жал немаат услови за работење во текот на цела година, но правиме напори, импровизираме за да д…
Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат српскиот туристички пазар. Општина Охрид преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, успешно се престави на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем за туризам кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и претставниците на туристичките …
Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески да ги разгледа случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и да предложи мерки, како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид. Ова барање го достави советникот Јоне Станкоски на денешната, 68ма седница на совет. Toj предложи како дополнителна точка на дневниот ред да се стави и точката за добивање информација за преземените активности од градоначалникот околу случувањата и проблемите со извршителите и финансиските проблеми на веслачкиот клуб „Југ“. Станкоски посочи дек…
Пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Р.М. алармираат нивните здруженија. Во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести и изработка на специфичен Закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест. Во моментот, единствен правен акт со кој се регулирани дел од аспектите што ги засегаат пациентите со ретки болести е Програмата за ретки болести. Охриѓани денес одбележувајќи го светскиот Ден на ретки болести покажаа дека настаните кои помагаат за подигнување на свес…
Јован Стојаноски, Науме Јованоски и Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски неофицијално, се имињата на кандидатите за охридски градоначалник од СДСМ. Тие беа избрани од членството на вчерашните внатрепартиски избори. Резултатите од ова гласање според најавите треба да имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ. Од охридската организација на СДСМ не сакаа да ги коментираат имињата на избраните кандидати. Вчерашните резултати биле чисто консултат…
Градот и охриѓани го немаат повеќе најстариот градски спортски веслачки клуб „Југ“. Денес Управата на клубот доби судска одлука за иселување и примопредавње на просториите на Кичевско Дебарската епархија. ВК Југ го загуби судскиот спор што го водеше со Кичевско Дебарската епархија повеќе од 4 години, вели Климент Наумов од Управниот одбор на клубот и останува без пловните објекти.„Врз основа на судски трошоци ни се попишани и основните средства. Чамците, скифовите и дублите без кои не може да функциора клубот и згаснува најстариот спортски клуб формиран во 1932 година, а згаснува и весла…
Секој православен христијанин има потреба од пост, исповед и причесна. Денеска почнуваат Великите пости, познати во народот како Велигденски пости. По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, денес се пристапува кон строгиот пост. Отец Владо Недески, од Дебарско – кичевската епархија нагласува дека за време на постите црквата не само што дава насоки како да се пости туку и ги укрепува верниците со Богослуженија кои се одржуваат и во утринските и во вечерните часови во црквата Св Богородица Каменско.„Овој 40 дневен п…