Мај 26, 2017

Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд

Лицата со посебни потреби ќе имаат можност теоретски и практично да стекнуваат вештини за работа, со кои ќе можат да аплицираат на некои работни места на пазарот на трудот во Охрид. Тоа им се нуди со пилот проектот кој е организиран од Министерството за труд и социјална политика и ЕУ. Предвидено е проектот е да трае два месеци, а ќе се состои во професионална рехабилитација на лицата со посебни потреби. Фирмата „Алпојо“ покажала социјална одговорност и понудила лицата кои се вклучени во проектот да ги обучи за две работни места во нивната организација, пренесува Жанета Никовска Стојковска, …

Мар 21, 2017

Нов успех на БОБ шампионите

Шеесетте охридски мозочиња, повторно најдобри. Сите задоволни и мотивирани од големиот успех, продолжуваат да бидат дел од големото Бреин О Бреин охридско семејство. На неодамнаодржаниот петтиот по ред државен натпревар во Бреин о Бреин програмата, во конкуренција од 600 натпреварувачи од 10 центри во Македонија, децата од Центарот за развивање на животни вештини, кој функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид, се вратија со најмногу освоени трофеи. Од Скоје дури 58 од нив се вратија со освоени трофеи, златни и сребрени медали.„Се тоа се должи на големата посветеност на самите инструк…

Мар 21, 2017

Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта

Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари и што уште не. На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат. На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е нају…

Мар 21, 2017

Наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид во едукативна посета нa ОУ „Песница” – Марибор, Р. Словенија

Во периодот од 14-18 март оваа година,  наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија. Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ  „Песница” за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ”- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија.Во рамките на оваа едукативна посета , наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. Преку директна посета на часовите организирани од тамош…

Мар 20, 2017

Д-р Лазороска: Денес стоматологијата е безболна

Мал е бројот на охриѓани кои одат на забар превентивно. Страв од заболекар, неинформираност или едноставно лоша дентална навика, се само дел од причините поради тоа. Граѓаните стоматолошките ординации често ги посетуваат кога ќе почувствуваат болка, велат стоматоозите. Тие сметаат дека потребна е едукација за заштитата на забите уште во најрана возраст, кога се стекнуваат поголем дел од животните навики. Др Јана Лазороска, која работи во оргинацијата „ д-р Јолевски“ вели дека состојбата со оралното здравје во Охрид не е на задоволително ниво но полека се подига јавната свест за потребата од…

Мар 20, 2017

Политиката се вмеша и во средните охридски училишта

Во средните охридски училишта се вмеша политика. Ученици од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ излегоа од училишните клупи за протестираат на улица. Дојдоа и по врсниците од економското училиште и во гимназијата. Учениците како што кажаа, протестираат за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичност и федерализација, односно барањата кои се познати и од граѓанското движење „ За Заедничка Македонија“. Учениците при тоа кажаа:  „Ако сакаат и неоправдани изостаноци нека пишуваат. Сами се организиравме за да се заштити Македонија. Нема да се…

Мар 20, 2017

Охриѓани се среќни луѓe

Денес светот го одбележува 20 март Mеѓународниот ден на среќата. ТВМ во случаен избор ги праша охриѓани дали се среќни луѓе и што ги прави среќни. Охриѓани велат дека нивниот извор на среќа е семејството. Покрај сите тешкотии му се радуваат на животот, семејството и внуците. Македонците, се најдоа на 92-то место во светот, во конкуренција на 155 држави, според Светскиот извештај за среќа за 2017 година на Обединетите Нации. Од земјите во регионот, посреќни од Македонија се Словенија (62 место), Србија (73), Хрватска (77), Косово (78), Црна Гора (83), Грција (87) и Босна и Херцеговина (90)…

Јан 11, 2022

Државната матура и годинава ќе се полага како лани

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година. Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година затоа што ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп и иако во септември почна…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top