Мар 24, 2017

Охриѓанец и се заканаувал на сопругата, заработил кривична

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид. Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место.На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал со верб…

Мар 24, 2017

Следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори

Денес во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори. Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообр…

Мар 23, 2017

Заживува филигранскиот занает во Охрид

Во охридската чаршија заживува филигранскиот занает. Долго време недостасуваше некој да почне да се занимава со изработка на филигран, напоменува Сашо Богоески претседател на охридската занаетчиска комора. Станува збор за две девојки и едно момче помлади од 30 години, кажува Богоески. „ Досега имавме двајца регистрирани филигранисти, а сега имаме плус 3 и многу значи. Спецификата на изработката на накитот и самиот занает дава добар напредок во занаетчиството. Со години наназад се регистрираа бербери, фризери, козметичари. Овие дејности филигранството и резбата на бакар ги имавме поретко …

Авг 17, 2021

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделието

Натпросечните високи температури и сушниот период негативно влијаат врз родот на земјоделските култури во охридскиот регион. Агрономот Мирослав Трајчески вели посебно се на удар културите кои успеваат на умерена температура и се во периодот на зреење. Може да се очекува одредени намалувања во приносите кај некои култури. Се очекува намалување во квалитетот  кај градинарските култури кои се одгледуваат на отворено. Настануваат штети од сончевиот припор на плодот – објаснува Трајчески. За да се избегнат негативните последици од високите температури и суша земјоделците и овоштарите треба…

Мар 23, 2017

Кривична за охриѓанка за давање на лажен исказ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(26) ОД Охрид. Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен  исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола. Тоа го направила иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа, претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола. Врз основа на овој писмен исказ даден во управна постапка, СВР како држ…

Мар 22, 2017

Мојсовска: Во словенечкиот образовен систем доминира умешноста учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат

Делегација од ОУ „Григор Прличев“ гостуваше на меѓународната средба за соработка на неколку училишта која се одржа во Марибор, Словенија. Делегацијата ја предводеше директорката на училиштето Силвија Мојсовска. Средбата во Марибор беше од исклучително значење за нас, вели Мојсовска. Таа нагласи дека имале можност меѓусебно да се запознаат со начинот на работа и образованието во Македонија, Србија и Словенија. Присуствувале на дел од часовите во ОУ „Песница“ а посебен впечаток на нашите претставнци им оставил тоа што учениците во последните минути од часот имале можност да го изразарт својот…

Мар 22, 2017

Охридското езеро најголемиот воден басен не знаеме да го чуваме

Македонците имаат ниска свест за третманот на отпадните води. Кај нас повторното искористување на отпадните води е научна фанстастика, напоменува Сашо Точков, специјалист за санитарна хемија и бромолог при охридскиот Центар за јавно здравје. 1,8 милјарди луѓе во светот користат загадена вода за пиење, а 663 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, посочува Точков. Нашиот безгрижен однос кон отпадните води можеби се должи на тоа што земјава поседува богати ресурси со вода за пиење што не е случај со милјарда луѓе на планетата Земја. Охридското езеро е огромен воден базен кој го по…

Мар 22, 2017

Градежен шут заврши на ул. „Охридска Бригада“

Времето се стопли, граѓаните реновираат и градат а градежниот шут го одлагаат каде ќе стигнат. Мни депонија со ваков отпад преку ноќ се појави на тротоарската површинаод ул „Охридска Бригада“. Жителите на оваа улица револтирани од несовесното однесување на поединци. Иван Ристески објаснува дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро кога сите спијат па поради тоа не можат да утврдат кој е сторителот. „Вчера прв пат реагирав на Фејбук бидејќи не знаев како поинаку…не знаев од кого да побарам правна помош каде да се обратам, дали до МВР или до некој друг инспектор…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top