На само половина месец пред Велигденските празници охриѓани очекуваат поскапи јајца и јагнешко месо. Иако сметаат дека сеуште е рано да се зборува за тоа, велат дека досегашната пракса од минатите години покажува дека пазарот за Велигден е поскап, во однос со останатите денови.
„Муслиманите кога е Бајрам ги спуштаат цените, а нашиве ги зголемуваат. Јајцата треба да се дури и поефтини од сега. Еднаш во годината е Велигден треба да имаме христијанска душа.Незнам дали ќе се зголеми цената, од каде да знам.Што не е поскапено, се поскапуваКако и секоја година кога ќе дојде Велигден обавезно се …
Кризата во Македонија е завршена, смета високиот претставник на Меѓународната заедница на ЕУ, Евро амбасадорот Самуел Жбогар. Тоа се чуствувало преку граѓаните на Македонија, кај кои се чуствувало олеснување, барем според нивните забелешки.
„Истовремено, не само олеснување, во вашата земја сите ние почуствувавме дека има едно возбудување, еден вид на оптимизам кој што се чуствува во целата земја за тоа дека можеме конечно да тргнеме кон подобра иднина за Македонија. Се разбира дека за овој оптимизам тоа што е потребно да се направи е да се одржи во живот“ – вели Жбогар.
За одржување на оп…
Охриѓани, граѓанските организации и институции како главен проблем за регионот го посочуваат проблемот со отпадот. Покрај овој проблем тие исто така укажале од неопходноста да се почитуваат барањата на Унеско во однос на градењето во Охрид, како и од штетноста на масовниот туризам за регионот. Здружението за заштита на животната средина Еден спроведе консултативните средби со овие три групи со цел да изградат Стратегија за развој на регионот, а сите овие чинители да учествуваат при донесувањето на одлуките, напоменува Драгана Велковска од Здружението Еден.
„Главен проблем беше посочен отпа…
Охридските чинари конечно ќе бидат заштитени. Локалната изготви проект за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мотироинг и конзерваторски мерки за санација на чинарите кои се заштитен знак на Охрид. Тендерот го доби Друштвото за еколошки консалтинг Деконс-Емо од Скопје.
Знаете дека подолго време траеше таа сага околу чинарите но тоа беше поради неја…
Oхридските пожарникари добија нова техничка опрема во вредност од 750.000 денари. За што поуспешни интервенции на пожарникарите се набавени радио станици, пумпи за повлекување вода,штици за извлекување на повредени при сообраќјани несреќи, моторна пила за технички интервенции, метли за шумски пожари, 25 литарски грбни пумпи за интервенција на шумски пожари и на непристапни терени. Општината планира и дополнителни вложувања во личната заштитна опрема на пожарникарите. Со средства во висина од 3.300.000 денари ќе се обновува опремата за лична заштита за 44 пожарникари , информира Горан Маркос…
Во светот и дел од земјите членки на Европска Унија позитивни се примерите за практики на лична асистенција на лица со посебни потреби. Во Данска и Италија уште од 1998 година со закон е регулирана и загарантирана персоналната асистенција која ја добиваат лицата со посебни потреби. Во рамки на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплементиран од страна на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп се разгледува и состојбата на оваа тема во нашата земја.Според…
Мошне честа слика во градските средини е фрлен отпад со делови од стар мебел, шут и зеленило од средувањето на градините и дворовите. Просторот околу контејнерите се користи за одлагање кабаст отпад и зелен отпад. Од Коминалец велат дека се трудат секој ден да ја санираме состојбата. Некои несовесни раѓаните преку ноќ ги затрупуваат местата со контејнери со ваков вид на отпад, вели Елена Скрческа директор на ЈП Комуналец.
„ Гледаме дека тоа слабо функционира затоа што секојдневно има по секој контејнер кабаст отпад и злене отпад Аплираме до граѓаните ако сакаат Охрид да е убав и д а се раз…
10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со надлежните инситуции од …