Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата.
Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои се присутни тука, реч…
Во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, одбележана 100 – годишнината од поставувањето на првата електрична светилка во Охрид од страна на тогашната Австриска војска. Синоќа на градското пристаниште беше откриено пригодно обележје, а д-р Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид одржа краток историски час.„Токму денес во градот Охрид се случува еден настан од таканарешената урбана историја на Охрид. Нејзиниот историјат е доста интересен . Во првата светска војна австриските војски кои биле стационирани во Охрид во една фабрика во којашто всушност ги репарирале своите оружја…
Црвен крст Охрид во рамките на програмата Проект за хумани вредности, со цел да помогне на самохрана мајка од Охрид со две мали деца, ќе организира Хуманитарен концерт.Концертот ќе се одржи на 10 април, понеделник, од 20 часот во НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ Охрид. На концертот ќе пеат повеќе охридски талентирани младинци, а дополнително за забавата ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“ и комичарот Никола Тодороски.Влезницата изнесува 50 денари, а може да се купи кај волонтерите од Црвен крст или на врата во центарот за култура.Програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хума…
Филмската продукција од Македонија подготвува нов долгометражен филм, „Дедо и внук“ во режија на нашиот сограѓанин, Илија Пиперкоски. Станува збор за нов проект на Пандора Бокс продукција, од Македонија. Во моментов филмската екипа е во подготовки и се очекува деновиве да пристигнат во Охрид, открива театарскиот режисер од Битола, Јован Ристовски. Кастингот кој е на Катерина Грубач е во Охрид, во потрага по протагонист на ликот на детето во филмот.
„Во потрага сме по мало детенце меѓу 7 и 10 години кое има афинитети за актерска игра пред камера односно некој млад талент од охрид, кој може…
На ридот, над плажата Горица е мирно. Нема градежни зафати на тренот каде што беше највувана изградба на хотелски комплекс од висока луксузна категорија од брендот Small Luxury Hotels.
Во јули 2014 година на просторот кај Горица започнаа подготовки на теренот за градежни зафати. Просторот се огради, се исекоја иглолисни стебла и се постави табла со податоци за објектот. На таблата која е поставена стои одобрение за градба, типот на објектот како и податоци за инвеститорот. Архитектите кои ТВМ ги консултира за прашањето во кој законски рок инвеститорот кој добил одобрение за градба треба да…
Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, пристигна првиот чартер авион со туристи од Полска. Традиционалниот македонски дочек, воден мост, закуска, погача и сол и торта и овој пат не изостана кој беше организиран на високо ниво од страна на ТАВ Македонија. Топло добредојде на гостите од Катовице, Полска им посака новиот министер за транспорт и вгрски Горан Сугаревски.
„Нашата заложба како Влада на Р. Македонија е да го унапредуваме авио сообраќајот и да направиме колку што е можно повеќе да дојдат гости и да ја посетат нашата земја. Покрај скопскиот аеродром и охридскиот има сериоз…
Според информациите од Државниот инспекоторат за труд во Охрид нема драстични зголемувања на повредите на работните места. Во 2015 и 2016 година се случиле по околу 70 повреди. Пред две години биле регистрирани 23 повреди во преработувачката индустрија, 11 повреди се случиле во здравствените дејности , додека само 8 мина градежни работници се здобиле со повреди на работното место. Истата година за еден градежен работник повредата имала фатални последици по неговиот живот. Остантите дваесет повреди се случиле во останатите дејности. И во 2016 година биле регистрирани околу 70 повреди. Од нив…
НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид, организираат настан под наслов „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата Фаберже“.Настанот ќе се орджи во петок на 7-ми април во просториите на Библиотеката со почеток во 12 часот, а на истиот ќе присуствува почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф.др. Велимир Стојковски.Во рамки на оваа активност посветена на празникот Велигден, посетителите ќе имаат можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденци на уметноста н…