Градоначалникот Константин Георгиески утрово заедно со дел од пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид направи увид на опожарениот објект на седвичарата „Вили“ на улицата „Димитар Влахов“, каде што вчера доцна попладне избувна голем пожар.
Благодарение на високата професионалност и исклучително брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот беше веднаш локализиран и изгаснат. Интервенирано е со една противпожарна екипа и еден противпожарен камион, при што е спречено неговото понатамошно ширење, кое можело да предизвика катастрофални последици. Во близина н…
Климент Арнаудов, охридски активист за заштита на животните и активист во други полиња на општествениот живот, добил барање за поведување прекршочна пријава затоа што го шетал својот миленик без заштитна маска. Арнаудов вложил приговор на Барањето за поведување на прекршочна пријава до Свр Охрид но, приговорот е одбиен и е без соодветно образложение за причините зошто е одбиен, вели Арнаудов. Појаснува дека пријавата од полиција нема основ и е во спротивност со Законот за нарушување на јавниот ред и мир и законската регулатива поврзана со животните, заштитата и благостојбата. Кучето кое …
Вози одговорно! Животот е во твои раце. Општинскиот Совет за безбедност ги започнува своите активности, во пресрет на летната туристичка сезона со цел превентивно да се влијае врз сите категории на учесници во сообраќајот. Стефан Димоски претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот појаснува дека овој проект е насочен пред се за пешаците, велосипедистите, моторциклистите и возачите, со цел да се подигне нивото на свеста и одговорното учество во сообраќајот.
„Пред се сакаме на овој потег на почетокот на магистралниот пат кон Кичево каде што имаме и изградба на автопат да …
Балканскиот Ерусалим, блесна во Велигденски сјај. Градот полн со гости од земјава и странство. Редици од автобуси и автомобили со домашни и странски гости се слеваат по градските улици, а централното градско подрачје е преполно со гости. Продолжениот празничен викенд очигледно го донесе и првиот поголем бран на туристи во Охрид. Раздвиженост се чуствува насекаде, а гостите уживаат во прекрасното време.
„Многу е убаво, доаѓаме секогаш“. Во охрид е посебно…езеро, градба, убава атмосфера, кафани…еве сега го сликав дрвото со јајца, прекрасно е. каде и да одам во светот сакам барем 5 дена д…
Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата.
Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 250 до 280 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно искуство, нагласу…
Македонската класична сцена дефинитивно доби големо освежување со појавата на триото „Џентлмен“ кои се вистинска вокална атракција. По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН, Охриѓани ќе може да уживаат во нивниот музичко вокален перформанс.Пред повеќе од две години на македонската музичка сцена се промовираше новиот музички состав „Џентлмен“ составен од три врвни профеионални оперски вокала: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор кои иако млади се музички потковани со веќе изграден стил и одредено искуство во водите на класичната музика.Она што …
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, во рамки на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, одобрена и од Советот на општина Охрид, денес во 12 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната кампања „Вози одговорно-животот е во твои раце“.Кампањата има превентивно-едукативен карактер а целта е потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со патничките моторни возила, моторциклите и велосипедите. Кампањата треба да влијае врз подигнув…
Во пресрет на Нова година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вчера даруваше донирани книги за децата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.
Претставничките на библиотеката на директорката на охридските градинки Мери Рилкова и подарија примероци од сликовниците од циклусот „Мила“ од авторката и голем донатор на книги Марија Џоџа Симон од Битола која живее во Германија, како и донирани книги од семејството на охридскиот автор Миле Волканоски „Добриот учител“ и „Приказна за штурецот и мравките“.