ТРИО „ЏЕНТЛМЕН“ СО КОНЦЕРТ ВО ОХРИД ЗА ВЕЛИГДЕН

Македонската класична сцена дефинитивно доби големо освежување со појавата на триото „Џентлмен“ кои се вистинска вокална атракција. По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН, Охриѓани ќе може да уживаат во нивниот музичко вокален перформанс.

 |   | 

Македонската класична сцена дефинитивно доби големо освежување со појавата на триото „Џентлмен“ кои се вистинска вокална атракција. По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН, Охриѓани ќе може да уживаат во нивниот музичко вокален перформанс.

Пред повеќе од две години на македонската музичка сцена се промовираше новиот музички состав „Џентлмен“ составен од три врвни профеионални оперски вокала:  Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешковски – тенор кои иако млади се музички потковани со веќе изграден стил и одредено искуство во  водите на класичната музика.

Она што фасцинира е фактот што Македонските оперски „Кавалери“ веќе ги класифицираат како состав од светски рамки кој наскоро ќе може да им парира на веќе докажаните светски реномирани оперски вокали од ваков тип.

На репертоарот на Трио „Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво. Трио „Џентлмен“ постојат повеќе од две години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.

Концертот во Охрид е закажан за 19 април, 2017 година во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Истиот е поддржан од Министерството за култура на РМ, а влезот е слободен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top