180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби 600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.180 илјади евра грант од ИПА 2 програмата на ЕУ доби општина Охрид за спроведување активности во чиј фокус се страилте лица, децата и социјалнмо ранливите категори…
Во Струга се продолжува со палење на градската депонија при што се загадуваат воздухот, водата и почвата. Четири дена стружани се трујат со чад и штетни материи кои се шират во воздухот од депонија која гори, а на која завршува секаков вид отпад.Последен ваков инциден се случи кога непознат сторител ја запали дивата депонија за празникот Велигден. Општина Струга на својата веб страница соопшти дека на депонијата биле пронајдени гуми полиени со бензин, намерно запалени да предизвикаат пожар .
Од локалната ја информирале полицијата.
“Вакви настани сме имале можност да гледаме често во овие…
Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.
Финансиската поддршка ќе им биде доделена на лицата со ниски примања чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето-приходот од 30.000 денари, и тоа за:-самец до 15.194 денари;-домаќинство со два члена до 18.000 денари;-домаќинство со три члена до 21.000 денари;-домаќинство со четири члена до 25.000 денари и-домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари.Самците и домаќинствата со два или три члена ќе добијат финансиска по…
Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација.
Тоа пред се се должи на стравот н…
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.
Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните директори, ве…
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп.Пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид. Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со намера против правно да присвојат туѓи подвижни предмети, со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на п…
Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец” информираат дека утре, 19-ти април, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Рача, Рамне и Велестово.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од општината, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број.
За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира овие тури. Таа ќе пушти сво…