Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C.
Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец.
Од Локалната самоуправа исто така,…
Различни сме, но еднакви. И охриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Во тек е координација на ресурниот центар на родители на деца со посебни потреби со волонтери, невладини организации и родителите на деца со посебни потреби, кажа за ТВМ Горица Поповска – Нелевска Регионалниот координатор на овој Ресурсен Центар. Во текот на утрешниот ден ќе излезат со детални информации за времето и местото на собирање потписи. Инаку, собирањето потписи е граѓанска иницијатива под мотото ”5 до 12” на родителите на лицата со посебни п…
Музичката програма на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со Лирската вечер на фестивалски камерен оркестар и вокални солисти од Македонија под диригентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција.
Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Ќе настапат сопраните Милена Арсовска и Гонца Богоромова-Краповски, како и баритонот Иван Наумовски.
Уметничката кариера на Галоа вклучува повеќе активности: покрај исклучително плодната активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и познат педагог, во по…
Од Здружението Еден остварија средба со охриѓани, институции и невладиниот сектор во рамките на завршниот настан на проектот “Заштита на природата во НП Галичица ,бајка или реалност“. Од здружението за заштита на животната средина ги презентираа резулатите од нивните спроведени истражувања. Истражувањата ги опфатиле е анализите на домашната и меѓународна правна регулатива за НП Галичица и анкетното истражување спроведено на 300 охриѓани, институции и невладиниот сектор, информира Драгана Велковска од здружението ЕДЕН.
„Граѓаните не сакаат масовен туризам во Охрид, сакаат да се заштити Сту…
Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината.
Планот кој го изготвивме во 2014 ги …
Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.
Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија Пирузева Јанева.
Советниците…
Во охридско, мразот во полн цвет ги уништи јаболката, лозовите насади и коскеските овошки. Овоштарите и земјоделците бројат огроми штети. Повозрасните охридски овоштари ваква слична непогода не паметат од далечната 1975 година кога од мраз биле уништени овошните и земјоделските површини, раскажува охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.
„Верувајте прашање е дали нешто ќе се вкуси од нашите овошни култури. Покрај црешата настрадаа оревите, јаболката и сите овошни култури, а дел и земјоделските култури како компирот насаден во Андон Дуков ќе биде тотално уништен, а ќе има штети и во дел од п…
Се повикуваат земјоделците од Општина Дебрца, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца.Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца.Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист).