Педесетина деца од детската градинка „Лихнида,“ ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги корист…
Денес ќе се одржи седумдесетата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 11,00 часот.Помеѓу останатите точки од дневниот ред ќе се расправа и за предлог одлуката за учество на општина Охрид во реализација на летниот фудбалски камп „Барселона 2017“.Судбината на веслачкиот клуб „Југ“, исто така ќе биде тема на дискусија па така советниците ќе расправаат по неколку основи и тоа преку точки кои се однесуваат како на Заклучок за усвојување на информацијата за состојбата, заедно со предложените план и мерки за продолжување на постоењето и активноста, така и по Предлог Одлуката за исплата…
Во рамките на активностите што се реализираат во склоп на Сојузот на извидници на Македонија, екипата од Извидничкиот Езерски Одред Пионер од Охрид на ПРВОТО КОЛО ОД ИЗВИДНИЧКАТА ЛИГА (44-ти меморијал Марко Граорковски,”Брезица 2017″) го освои високото ВТОРО место и се закити со СРЕБРЕН МЕДАЛ. Ова коло ги имаше следниве карактеристики:ТИП НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ: Ориентација (treasure hunt) , полигонски натпревари и игриНАТПРЕВАРУВАЧКИ ДИСЦИПЛИНИ:• Врзување на јазли • Извештај на дел од помината патека • Цртеж на движење под азимут во природа – итинерер • Морзе и/или семафор • Извинички тест • За…
Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид организира бесплатни проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.
Ги покануваме сите граѓани и гости на 13-минутно визуелно уживање и незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот е во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“, во чии простории ќе се одржуваат проекциите. Филмот има цел да им го открие на охриѓани одблиску Белчишкото Блато (Сини Вирој), за кое започнува процедурата за прогласување за заштитено подрачје на овој важен екосистем во охридскиот регион – ве…
Денес, на градскиот плоштад од 10:00 часот охриѓани ќе можат да ја дадат својата поддршка на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот. Повеќе од 6000 граѓани ги дадоа своите потписи иницијативата која за да влезе во собраниска процедура, но потребни се 10000 потписи.Со иницијативата се бара измена на повеќе закони и подзаконски акти, а меѓу главните барања е да се избрише старосната граница од 26 години, по која во повеќе закони им се ограничува државната помош на овие лица. До 26 годишна возраст лице со пречки во развојот, има пр…
9-тата седница на Советот на општина Охрид започна со едноминутно молчење за трагично починатиот директор на ОУ „Живко Чинго“. На дневен ред советниците имаа дури 75 точки – се усвојуваа предлог одлуки на извештаите за реализација на програмите за работата на Советот на општината, од областите за образование, детска заштита, култура, Локален економски развој, спорт и рекреација, заштита на животната средина, комунални услуги, јавна чистота, изградба и реконструкција на патиштата, јавното осветлување и други. Советниците од опозицијата во градскиот совет упатија забелешка во однос на одреден…
Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“ (МАССУМ) кое се одржа на 21 и 22 Април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место, а во најдобро светло се претставија и во следните категории:Јавно говорење на македонски јазикИнтервју за работа на македонски јазикОнлајн кариерно портфолиоПоетска творбаНајдобра фотографија
Викендов во Сандански, Р. Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учество зедоа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија. Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција.Во истата категорија нашиот друг претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови.Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира на првата позиција со рез…