• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од денес во Охрид пункт за собирање потписи за петицијата за лица со пречки во развојот

Од денес во Охрид пункт за собирање потписи за петицијата за лица со пречки во развојот

Денес, на градскиот плоштад од 10:00 часот охриѓани ќе можат да ја дадат својата поддршка на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот.

 |   | 

Денес, на градскиот плоштад од 10:00 часот охриѓани ќе можат да ја дадат својата поддршка на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот.

Повеќе од 6000 граѓани ги дадоа своите потписи иницијативата која за да влезе во собраниска процедура, но потребни се 10000 потписи.

Со иницијативата се бара измена на повеќе закони и подзаконски акти, а меѓу главните барања е да се избрише старосната граница од 26 години, по која во повеќе закони им се ограничува државната помош на овие лица.

До 26 годишна возраст лице со пречки во развојот, има право на бесплатни прегледи и лекување, како и право на посебен додаток. По навршување на оваа возраст, лековите не се бесплатни, а го губат и правото на посебен додаток.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top