Мај 11, 2017

Слаб е интересот на охриѓани за јавните анкети за Деталните урбанистички планови

Денес во големата сала на општина Охрид се одржаа две јавни анкети и презентации за Детални урбанистички планови. Првата анкета и презентација се однесуваше за една градежна парцела на ул „Марко Нестороски“. Изготвувачот на плановите Вера Снегар појаснува што се е предвидено во тој план за тој опфат. „Се работи за станбена куќа домување, една градежна парцела. Денес беше јавната презентација, на неа не дојдоа заинтересирани граѓани, имаше претставници на јавни институции и помина без некои забелешки“ И втората презентација на Детален Урбанистички план се одесува на станбено домување, прен…

Мај 11, 2017

Прогласени најхуманите медицински сестри на републичко ниво од Охрид

Награди за најдобрите, на денот на медицинските сестри. Утре на нашите најхумани медицински сестри и акушерки од Охрид, во Струмица ќе им бидат врачени награди. Претседателот на здружението на медицински сестри Јулија Трпковска, нагласувајќи ја улогата на медицинската сестра во рамки на здравството, рече, да се направи избор и да се одберат најдобрите медицински сестри е тешка работа, бидејќи секоја една од нив е посветена на својата работа. „За да бидеш медицинска сестра треба пред се да ја сакаш таа струка, бидејќи здравствената струка подразбира нега на пациентот која што придонесува за…

Мај 11, 2017

Започна санацијата на кровот на Здравствениот дом познат како Маларична

Директорката на оваа здравствена установа, др Катерина Димитрова информира дека ќе се изврши замена на дотраената покривна конструкција со лим. Санацијата е неопходна поради лошата состојба во која се наоѓа покривот на Здравствениот дом кој во неколку наврати прокиснуваше и при послаби врнежи од дожд. Градежниот зафат е планиран подолго време и по завршувањето на законските процедури за јавна набавка се пристапи кон негово спроведување, а препокривањето се очекува да трае 2, 3 дена во зависност од временските услови. Не се преземаат поскапи зафати поради најавата за изградба на нов ургент…

Мај 11, 2017

Бесплатни курсеви за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2017 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители. Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенција…

Сеп 5, 2018

Сугарески дециден – Туристичка ќе се реконструира

Туристичка ќе се реконструира. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денес при посетата на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски најави градежни зафати на патот од влезот на Охрид до Билјанини извори, како и на патниот правец Охрид-Св. Наум. Оваа есен, рече Сугарески Охрид ќе биде едно големо градилиште. Наредните денови ќе започнат градежните работи на Туристичка. Работите малку се пролонгираа поради туристичката сезона, но во наредните петнаесеттина дена ќе отпочне реконструкцијата на тој патен правец, рече министерот Сугарески.Оваа година исто така ќе започне да се реконс…

Мај 11, 2017

Делови од Охрид денес без вода

Од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод информираат дека денес,четврток,11.05.17 год. во делови од градот ќе има прекин во водоснабдувањето. Поради изведба на нов водоводен приклучок на Ул.„Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците Гоце Делчев (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин,Стив Наумов и Кирил и Методи,во период од 08.30ч до 14.00ч.

Мај 10, 2017

Каде е флексибилноста

Родител чие дете е згрижено во градинката „Јасна Ристеска“ реагираше до нашата редакција на како што вели, некоректниот однос на директорката на оваа предшколска установа, Роза Костоска. Мајката која задоцнила 10 минути од дозволеното време за прием на децата, а тоа е 8.30 часот буквално била вербално нападната од директорката и тоа пред нејзините две деца на возраст од три и четири години. Не и било дозволено воопшто да објасни зошто доцни и дека има оправдана причина за тоа, само и било речено дека децата нема да бидат згрижени. Мајката реагира на нефлексибилниот однос на Костоска која ка…

Мај 10, 2017

Самовработување преку мерката „Од идеја до бизнис најуспешна во охридско“

Широк спектар на активни мерки, програми и услуги креира Агенцијата за вработување на Р Македонија. Во тек се повеќе мерки и програми кои се спроведуваат, информира Јован Баткоски од Агенцијата за вработување на РМ од Охрид. Тој нагласи дека една од најпопуларните која постои веќе 10 години е мерката за самовработување, „Од идеја до бизнис“. „Првиот циклус од оваа мерка за оваа година веќе започна, во нашиот центар аплицираа околу 30 лица од кои 19 успешно го положија тестот и ги остварија потребните предавања со обучувачите и одат во понатамошната фаза, изработка бизнис план врз основа на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top