„Екологијата се учи од мали нозе“, „ Ја сакам природата , го сакам животот“, „ Мисли глобално делувај локално“, беа само дел од пораките кои охриѓани ги упатија по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. По охридските улици со дефиле членовите од групата „Најди време“ при Црвениот крст од Охрид заедно со младите волонтери учествуваа во подигање на јавната свест за односот на човекот кон животната средина.
„ Денес го одбележуваме тој ден. Сакаме да кажеме дека светот останува на младите тие ја наследуваат планетата Земја и да знаат да ја чуваат животната средина“, рече Младенов…
Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата “Грижа за стари лица” ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.
Дефилето ќе започне на 5-ти јуни 2017 година, понеделник, во 11,00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улица Димитар Влахов, градскиот плоштад и ќе заврши кај плоштадот Крушев…
Подводно чистење на водите во Македонија. Вкупно 10 акции се предвидени во рамки проектот „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“ во реализација на Спелео нуркачкиот клуб „Врело“. Денес тие во пресрет на главната туристичка сезона спроведоа две акции за чистење на отпадоци на охридските плажи „Кај Дивоно“ и пред хотелот Бетон.
„Се загадени во голема количина, вадиме претежно пластика и гума која што е тешко разградлива и мораме да ги менуваме навиките бидејќи нашите претци отпадот го фрлале по реките посебно план…
Персонална асистенција за 8 лица со инвалидитет од Охрид. Во рамките на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“, а врз претходно направена анализа за потребите и побарувачката за професионална рехабилитација и персонална асистенција, утврдено е дека приоритети во однос на ова прашање мора да бидат организирање медицинска и физичка рехабилитација за лицата со инвалидитет, како и сертифицирање на компании за персонална асистенција.
„Персоналните асистенти ќе работат за одреден надомест. Станува збор за пилот проект кој ќе трае два месеци. Персоналната асистенција е веќе за…
Општинскиот инспекторат и Државниот завод за статистика прикажуваат различни бројки на остварени ноќевања на охридското крајбрежје. Така, за 2016 година Општинскиот инспекторат во книгите на станоиздавачите и хотелите евидентирале 469.324 ноќевања, а државниот завод за статистика 800.000 ноќевања. Oд одделението за туризам при ЛС велат дека иако станува збор за различна методологија на обработка на податоците, не е негираат дека дел од станоиздавачите продолжуваат да ја прикриваат туристичката такса и да не ги пријавуваат реализираните ноќевања. Додаваат дека сепак расте процентот на наплат…
Стотина слики од Струга и струшко кои датираат од 70 -тите години на минатиот век се изложени во Домот на културата „Браќа Миладиновци“. Холанѓаните Marja Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman, кампувајќи на брегот на езерото, во струшкиот регион, во периодот од 1973 до 1975г. со своите фотоапарати и видео камери зачувале дел од минатото на Струга.
Станува збор за стари фотографии кои не навраќаат во минатото, на кои се прикажани моменти од животот на луѓето во тој период. На фотографиите се зачувани струшките сокаци и архитектура, обичните луѓе, музичари, обичаи од Струга и струшко. Секојд…
Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ.
На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ.
Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини, храбро, грубо и…
Офталмолошкото одделение при Општа болница, Охрид има полни раце работа. Месечно на очното одделение се прават дури 1500 прегледи открива главната сестра од ова одделние Јулија Трпковска. Таа вели дека работната атмосфера на нивното одделение е на високо професионално ниво, благодарение на добрата организациона поставеност и залагањето на докторите, да одговорат на потребите на сите пациенти.
„Кај нас има постојано гужва. Нашите доктори се врвни специјалисти, доаѓаат пациенти од Струга, Дебар, преголема фрекфенција имаме, замислете први пациенти 1500 во месецот…тоа е голема бројка“
Ова …