Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид веќе една година и пол се реновира и адаптира. Во моментов во завршна фаза се градежните активности, се носи опрема, а веќе во функција е ставен и дијагностичкиот центар, открива првиот човек на оваа установа д-р Митко Тилевски.
„Овде профункционира компјутерскиот томограф, трислајсниот Сименсов, кој ни го обезбеди Министерството за здравство, исто така го имаме и новиот дигитален рентген апарат Минолта имаме и други апарати кои се веќе во функција, а пред се кои се во интерес за подобрување на дијагностиката на пациент…
Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од нив.
Ние имаме на лагер конт…
Донација вредна 470.000 денари во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Станува збор за сонда која се употребува за поголемиот дел на медицински прегледи кои се вршат во болницата вели директорот Митко Тилевски. Тоа е во интерес и на пациентите бидејќи со неа ќе може полесно да се дијагностицираат болестите и нивните здравствени проблеми за кои доаѓаат кај нас.
„Ни донираа линеарна сонда, мулти функционална со променлив фокус која што ни беше потребна за ехото што го добивме за да вршиме иследувања кај мускулно скелетен систем, дојки, тестиси, тироида и дру…
Граѓани до нашата редакција реагираа дека неколку денови во попладневните часови истекува вода од колекторскиот систем кај рекреативната патека кај Рача. Тие претпоставуваат дека се работи за фекалии од колекторската цевка која поминува на овој потег и завршуваат во речниот канал кај Рача а потоа се влеваат во трската во езерските води.
Покрај овој проблем граѓани укажуваат и на сличен проблем кај големиот канал пред дискотеката Парк. Кажуваат дека со месеци забележуваат како истекуваат фекалии во каналот и се шири непријатна миризба. Повторно во попладневните часови.
ТВМ Телевизија го ко…
Незадоволни жители од Бул „Туристичка“ во близина на стара царина Охрид, реагираат до Секторот за комунални дејности, дека за да стасаат до нивните станови ги кршат автомобилите по како што кажаа импровизираното земјено и неасфалтирано патче. Од овој проблем засегнати се околу 90 станари кои по истиот пат поминуваат до влезот на нивните стнови и гаражи. Како што кажа Горан Љубисављевиќ жител на овој дел, тие пред две недели се обратиле до секторот за комунални дејности, улици и патишта со барање да им се асфалтира пристапното патче, сметајќи дека станува збор за мал зафат бидејќи таму веќе …
За убавините на Балканот како туристичка дестинација, туристите најчесто се запознаваат преку големите туристички тури. Но, Балканот без граници лесно може да стане туристичка дестинација која ќе привлекува туристи од трети пазари. За една дестинација биде брендирана треба да се преземат низа сериозни чекори, да се направи проценка на најсилните атрибути со кои располага таа дестинација која може да биде препозната од туристите како начин на живот. Охрид располага со многу такви атрибути, објаснува
„Јас сум сигурен за голем број на дами кои со сигурност би го поврзале Охрид со Охридските б…
Љубителите на ракометот ќе можат да гледаат европски натпревари во Охрид. Нашиот клуб Охрид 2013 достигна ниво кое им овозможува на ракометарите да се натпреваруваат во престижниот ЕХФ Куп. Претседателот на Управниот одбор Љупчо Танески нагласи дека овој успех не само што ќе придонесе за афирмација на спортот и туризмот во градов, туку голем успех е и за клубот и Локалната самоуправа која максимално го поддржува клубот од сите аспекти.
„Тоа од спортски аспект претставува најголем успех на една ракометна екипа од Охрид во досегашната историја на постоење на клубот. Охрид ќе се натпреварува …
Во Охрид се одржа едриличарската регата „Заедно за иднината на Езерото“. Едриличарот Наум Своноски е еден од поискусните натпреварувачи од класата Двосед 470. Досега имал успешни резултати и освоени први места. Успех очекува и на оваа регата, а сподели и зошто го избрал едрењето како спорт.
Едрењето го одбрав уште од мал, сакав водени спортови, пораснат сум до вода и одлучив да се фокусирам на едрењето и да се обидам да земам награди – вели Своноски.
13 годишната Евгенија Ставрева, веќе 8 години се занимава со едрење и остварува одлични резултати во класата Оптимист.
Многу сакам да…