„Горд е оној кој со труд се извишува себе си “ – рекол Прличев. Нашите ученици со својот труд покажуваат дека се генерација херои , генерација која ќе биде запаметена по многу подвизи и успеси, кажа директорката на ОУ „Григор Прличев“ Ивана Маховска Шикалеска на свеченоста по повод патронатот. „Ова училиште иако со многу помалку ученици од вообичаено успеа да покаже дека може да биде сплотено и во време на пандемија. Во време кога физичката дистанца ни стана императив ние успеваме да ја задржиме социјалната дистанца на една близина. Секое утро денот го започнувавме со една мисла „Се` ќе би…
Оштетени информативните табли во Вевчани. Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во општиниве од регионов. Деновиве на мета беа информативните тавбли во Вевчани кои беа испишани со боја.
„Најостро го осудувам овој вандалски чин и повикувам на граѓанска размуност. Таблите кои се испишани, се дел од проектот на заштитеното подрачје и служат за информација и дополнителна едукација на граѓаните. Но, никако нѐ служат за политички или било какви други натписи“ напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.
„Општото добро кое го креираме е за сите вевчанци….
Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Јабланица. Жители на околните села, но и од соседна Албанија преку границата потојано вршат нелегална сеча. Трговијата со дрва на „црно“ со години е добро организиран бизнис во овој крај од кој добро се профитира. Полицијата во неколку наврати одзеде голема количина дрвна маса, која нелегално се транспортирала од планинскиот појас на патот Струга Дебар. При секоја заплена на дрвокрадците им се одземаат коњи, џипови, камиони, алат за сеча и огревното дрво.
„Во изминатиот период сме регистрирале четири случаи на нелегален транспорт на дрвна…
Согласно поволната временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) се спроведе акција за машинско миење на сообраќајниците во градот.
Целта на овие активности е да се подобри хигиената на јавните површини и да се отстранат абразивните средства кои беа употребени за зимското одржување.
Поскапувањето на цената на струјата ќе биде силен удар врз занаетчиите, кој може да им стави клуч на врата на голем број дуќанџии. Овој сектор е силно погоден во пандемијата, голем број занаетчии во корона кризата се откажаа од својот занает и заминаа да работат во охридските фабрики.
Енергетската криза ќе биде нов силен удар бидејки најголемиот дел од охридските занаетчии користат електрична енергија и за греење и за своите алати. Од занаетчиската комора испратиле барање до Владата да бидат опфатени во посебна тарифа.
До владата поднесовме барање занаетчиите да бидат опфатени во посебн…
Охрид доби прв дигитален туристички водич во форма на мобилна апликација. Апликацијата ‘’Discover Ohrid’’ е креирана од Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО поддржана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ. Со оваа апликација сакаме да дадеме поддршка на секторот туризам , угостителство, занаетчиство кои беа погодени од ковид кризата но воедно преку дигитализација на туристичките потенцијали и услуги да се подобри конурентноста но и да се подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид , истакна на презентацијата, Претседателот на ЦИРО, Ѓорѓиј…
Поемата „Капетаните“ е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2020 година. Тоа за мене, пред се, претставува огромна чест, а потоа и потврда на моето целокупно образование, животно искуство и литерарно творештво, изјави Лилјана Пандева, годинешниот лауреат на свеченоста по повод доделување на наградата. Во нејзината поема „Капетаните“ темата е актуелен политички настан, хероите се наши мировници во Авганистан, борци за правда и мир, испратени во хумана мисија. Пандева рече, дека преку делото направила спој на епското и лирското, современото и традиционалното, животот и …
Охридскиот Здравствен дом Маларична се реновира. Во внатрешноста на објектот се поставуваат нови гипсени табли на ѕидовите и таваните, се поплочуваат ходниците. Ајсел Зејноска, директор на оваа здравствена установа, вели, Министерството за здравство со проект преку Светска банка инвестира во подобрување на квалитетот на услугите за пациентите кои се лекуваат во јавните установи во земјава меѓу кои и во охридскиот здравствен дом.
„Се реконструираат ходниците, чекалните, дел од ординациите кои се дотрaени, каде што подолго време пациентите чекаат, за да им биде поудобно. Со години во Малари…