Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела РКЕ ги намали цените на нафтените деривати за половина денар.
Од 17.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесува:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,681 (денари/килограм)
Охридските пензионери денес имаа две причини за прослава, го одбележаа и денот на пензионерите и 67-годишнината од своето постоење. На свеченоста во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргироски, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев како и други гости од Здруженија на Пензионери на Врање, Здруженија на Пензионери Поградец Албанија, а за значењето и развојот на здружението се обрати, претседатедот на Извршниот одбор на здружението Ѓорѓи Трпчески.
„Што значи денеска имаме одбележување на една дејно…
Моторџии од клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји пристигнаа во Охрид. Над 150 моторџии од повеќе земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. 20 дена ќе трае нивната мисија која почна од Нитра Словачка ,информира Томас Свинарски од Македонскиот мото клуб Ноќни волци.
„ Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто неможат да го направат тоа и другите луѓе“, кажува Свинарски.
Моторџиите ќе поминат 3500 км и добиваат во секоја земја поддршка од локалните самоуправи, градонача…
Викендов во Охрид „Оф Роуд“ авантура. Учесници од цела Европа престојниов викенд, односно 1 и 2 јули ќе бидат дел од незаборавната авантура по Илинска планина. Настанот е во организација на здружението „Off Road Ohrid“. Претседателот Александар Илоски пренесува дека изненадени биле од големиот одзив и интерес на љубителите на авантуристичкото возење во природа по тешко пристапни патишта и се очекува на настанот да има 350 учесници, 200 теренски Оф роад возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши.
„Нови сме во оваа работа, овој спорт во странство е познат, кај нас сега ние го промовираме. Сег…
Двата отворени градски базени се полнат со вода. Сезоната за капење е веќе почната, а големиот и малиот базен на СРЦ Билјанини извори е во фаза на подготовка за да биде пуштен во употреба деновиве, информира Миле Чавдаров раководител на градскиот базен.
„ Вчера ги набавивме основните средства за хлорирање и филтрирање на водат. Технички исправнсота на водата за капење ќе ја потврди заводот за здрвствена заштита.Од понеделник од земените мостри ќе покажат каква е водата во базенот“, вели Чавдаров.
На градскиот базен дневно бараат разладување голем број капачи. Најчесто на базен се родители…
Со навремена и успешна интервенција на Територијалната против пожарна единица од градов, спречен пожар кај месноста Кошишта на улицата „Кирил и Методиј“. Противпожарните служби со апел до луѓето, да се однесуваат внимателно и одговорно и да не палат огнови на отворено.
Навремено локализиран и целосно изгаснат пожарот во месноста Кошишта. ТППЕ од градов во 9:20 примила дојава за пожар на улицата „Кирил и Методиј“. За само 5 минути противпожарните служби пристигнале на самото место го локализирале пожарот кој целосно бил изгаснат во 9:45 минути. Горан Маркоски-заменик командир на ТППЕ Охрид …
Загрозена безбедноста на пешаците на рекреативната патека. Во вечерните часови , но и среде бел ден се забележуваат моторни возила кои се движат по пешачката зона за рекреација. Од СВР Охрид се согласуваат дека од страна на несовесни возачи се вози на рекреативната патека и најавуваат позачестени контроли и санкции за прекршителите. Од трите приоди кон патеката само на еден има прописно поставен сообраќаен знак , а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс Парк сигнализација нема. Изостана и бетонските жардинери кои беа заштитена бариера од несовесните возачи. Поставувањето на сообраќ…
Нови контејнери во Охрид за селекција на отпад. 15 пластични контејнери со специјална форма во вид на ѕвоно и со наменски определен отвор за одлагање отпад од стакло, деновиве се распоредени на исто толку локации во нашата општина. ЈП „Охридски Комуналец“ садовите ги доби како резултат на соработката што ја имаат со друштвото Пакомак од Скопје, информираше директорката на ЈП Елена Скрческа.
„Ние се стремиме кон се поголема селекција на отпадот, како дел од тој отпад би се искористувал, односно што помлку смет носиме на депонијата Буково. Прво ни е на голема далечина, второ помалку ја загад…