Стрезо Стаматовски е нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ а на библиотеката Гордана Змејкоска. Стаматоски и Змејкоска ќе ја вршат функцијата директор откако Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура и на Александра Белевска во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Предходно од челните позиции во установи од областа на културата во Охрид беа разрешени Оливер Арсовски директор на Фестивалот Охридско Лето и Тања Паскали Бунташеска директор на Завод за заштита на спомениците и Музе…
Граѓанските организации треба да бидат креатори на активности кои нема само да значат печатење на флаери туку ќе значат и соработка со населението како и соработка со институциите каде ќе може да делуваат на полето на креирањето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се спроведат.
Европската Унија континуирано пројавува интерес за реализација на многу проекти кои се однесуваат на екологијата, од колекторскиот систем на Охридското Езеро, до изградба на велосипедска патека околу езерото, па се до издвојување на средства за изработка на студија за градење на регионална депони…
Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и кафулињата не дозволуваат да…
Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници.
На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен културен активизам – ИНКА в…
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно чистат и подигнуваат големи количини на несоодветно депониран отпад од повеќе локации во градот.
Во текот на денешните редовни активности, околу контејнерите и јавните површини на улиците: „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска”, „Галичица”, „АСНОМ”, „Ариф Мустафа”, „Питу Гули”, „7-ми Ноември” биле затекнати несоодветно депонирани количини на кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут.
Се упатува апел до граѓаните да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат за деп…
Во време на голем број културни збиднувања во нашиов град, претставниците од граѓанскиот сектор, ќе дискутираат за проблеми поврзани со животната средина. Токму заради изедначување на важноста на културното со природното наследство Охридското Еко Лето се организира за време на културните збиднувања во градот Охрид, кога ќе може да се привлече вниманието и на локалноното население и на туристите. Во наредните неколку денови, панелистите ќе дискутираат на голем број теми од природа и природното богатство, еко туризмот, одржливо живеење и справување со отпад. „Сакаме да дискутираме на повеќе т…
26-годишниот Никола Стевановиќ- Коле, млад фудбалер од селото Доње Краинце кај Лесковац, почина во болница, откако полни 12 дена се бореше за живот, како последица од ударот во подводна карпа по скок во Охридското Езеро.
Српскиот портал Блиц спорт јави дека Никола починал во Скопје, далеку од својот дом и семејството, откако бил во кома 12 дена.
Според истиот извор, Никола, инаку фудбалер, бил на одмор во Охрид со клубот пред почетокот на сезоната. Несреќата се случила кога тој скокнал од карпа во езерото, по што удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен.
Тешко повред…
Владиниот план за итни реформски приоритети 3-6-9 ќе се реализира, оптимист е амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот не е загрижен за усвојувањето на новата легислатива, додавајќи дека проблемот секогаш бил во имплементацијата.
„Мислам дека во овој момент Собранието на вашата земја функционира добро. Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен со конкретната имплементација на планот 3- 6-9, о…