Продолжуваат смените на директорските позиции во установите од културата

Од денеска Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ и градската блиотеката со нови директори.

 |   | 

Стрезо Стаматовски е нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ а на библиотеката Гордана Змејкоска. Стаматоски и Змејкоска ќе ја вршат функцијата директор откако Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура и на Александра Белевска во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Предходно од челните позиции во установи од областа на културата во Охрид беа разрешени Оливер Арсовски директор на Фестивалот Охридско Лето и Тања Паскали Бунташеска директор на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид.

Од министерството за култура информираат дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

– По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи, стои во дописот до медиумите од Министерството за култура на Република Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top