Јул 31, 2017

38-мо издание на „Илинденскиот пливачки маратон“

Шеесетина пливачи од клубови од Македонија и земјите од соседството, ќе учествуваат на триесет и осмото по ред издание на „Илинденскиот пливачки маратон“, во органзицаија на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. „Првиот маратон е направен 1954-та годинаа на кој маратон пливале осум пливачи, како Славе Филе, Нико Нестор, Дики Бојаџи, Александар Радич итн.И звршува пред некоја година, зборувам за наши пливачи со Александар Маленко кој го држи рекордот на оваа патека“ вели Кочо Паскали – претседател ПК „Охридски бранови 2008“. Пливачите поделени во две категории од 10 до 15 години и од 16…

Авг 25, 2021

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НАЦРТ НА ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО ЗА ПАРК НА ПРИРОДАТА

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата.Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привременатазаштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подр…

Јул 29, 2017

АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга

Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не…

Јул 29, 2017

Започна едриличарската регата „Охрид 2017“

Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период. Временските условите се повол…

Јул 29, 2017

„Страст за носталгија “ изложба на охридскиот сликар Сашо Блажес.

Охридскиот сликар Сашо Блажес за прв пат ги претстави своите ликовни дела во својот роден град. На самостојната изложба прикажа дваесеттина дела масло на платно. Портретите се работени во последните три години на тема „Страст за носталгија“. Покрај автопoртретот и портретите на негови блиски луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори. „Портрети на личности од моето опкружување, на личности од нашето минато и затоа е насловот Страст за носталгијата која не карактеризира на овие поранешни Ју простори преку музиката и филмот, она што се прик…

Јул 29, 2017

Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески

   Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет. „ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има полициска конотација, од разни држа…

Јул 28, 2017

На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош

Честа е појавата на охридските улици возачите на моторни возила да ги игнорираат вклучените ротациони светла и сирени на возилата за брза помош. Лекарите од итната медицинска помош посочуваат дека се соочуваат со непријатни попречувања во ургентната задача која имаат и покрај уредно вклучената сигнализација. „ Најчесто се работи за лица кои истовремено управуваат моторни возила и зборуваат на мобилен телефон. Апелираме секогаш да се даде првенство на возилата на прва помош кога има вклучена ротација или сирена. Утре може да се случи да се работи и за нас и не е во ред некој да не ни даде п…

Јул 28, 2017

Барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“ вечер на програмата на „Охридско лето“

На музичкиот репертоар на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“. Диригент на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути е Џорџ Петроу, а солисти на вечерта ќе бидат американскиот контратенор Реј Ченез, грчката сопранистка Мирсини Маргарити, како и македонскиот контратенор Игор Дурловски. Оркестарот „Армониа Атенеа е основан во 1991 година од страна на здружението „Пријатели на музиката во Атина и е еден од најактивните европски ансамбли со значајно присуство на меѓународна…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top